Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 29

29
Божјо величие во бура
1. Повик за воздавање слава на Бога
Давидов псалм. (При завршување на Празник)
1Дајте Му на Господа, о Божји синови, дајте Му на Господа слава и сила! 2Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име, поклонете Му се на Господа во светата убавина!
2. Божја сила во бура
3Господовиот глас е над водите, Бог на славата грми, Господ е над многу води! 4Господовиот глас е силен, Господовиот глас е величествен. 5Господовиот глас ги крши кедрите, Господ ги крши ливанските кедри. 6И скокаат од Него: Ливан како теле, а Сирион како младо биволче! 7Господовиот глас цепи пламени секавици, 8Господовиот глас ја растресува пустината, Господ ја растресува пустината Кадис. 9Господовиот глас прави кошутите да се осрнат, и ги разголува горите; и во храмот Негов секој вели: „Слава!“
3. Молитва за благослов
10Господ царува над водните бранови, Господ седи на престолот како Цар засекогаш! 11Господ му дава сила на Својот народ, Господ го благословува Својот народ со мир.

Селектирано:

ПСАЛМИ 29: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се