ПСАЛМИ 146
146
Поттик за надеж во Бога
1. Суетна е надежта во луѓе
1Алилуја! Моја душо, фали Го Господа! 2Ќе Го фалам Господа додека сум жив, додека ме биде, ќе Му пеам на мојот Бог. 3Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение! 4Ако излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли.
2. Мудрост во надежта на Бога
5Блажен е оној, кому му е помошник: Јакововиот Бог, чија надеж е во Господа, неговиот Бог, 6Кој ги создаде: небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; Кој останува верен довека. 7На угнетените им враќа правда, а на гладните им дава леб. Господ ги ослободува врзаните.
8Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа наведнатите, Господ ги љуби праведните. 9Господ ги заштитува туѓинците, ги поткрепува сираците и вдовиците, а на грешниците им ги метка патиштата. 10Господ ќе царува довека, твојот Бог, Сионе, од колено до колено. Алилуја!
Селектирано:
ПСАЛМИ 146: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.