Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 145

145
1. Господово величие
Давидова благодарност.
1Ќе Те прославувам о Боже, мој Царе, ќе го благословувам Твоето име секогаш и довека. 2Ќе Те славам секој ден, ќе Го фалам Твоето име секогаш и довека. 3Господ е велик и достоен за секоја пофалба, Неговата величина е недостижна! 4Од поколение во поколение се фалат Твоите дела и се навестуват Твоите силни дела. 5Ќе зборувам за блескавата слава на Твоето величие, и за Твоите чуда. 6Кажуваат за страотната сила на Твоите дела, јас ќе ја раскажувам Твојата величина. 7Го разгласуваат споменот за Твојата голема благост, и ја опеваат Твојата правда.
2. Господова милост
8Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. 9Господ е благ за сите, милостив за сите Свои дела. 10Нека Те слават, Господе, сите Твои дела, и твоите свети нека Те благословуваат! 11Нека зборуваат за славата на Твоето Царство, нека говорат за Твојата сила. 12Да ги објават на човечките деца: Твојата сила и славата на Твоето прекрасно Царство. 13Твоето царство е вечно Царство, Твоето владеење за сите поколенија.
3. Господова дарежливост
14Господ ги поткрепува сите кои паѓаат и Тој ги исправа наведнатите. 15Очите на сите се свртени кон Тебе, Ти им даваш храна во право време. 16Ти ја отвораш Твојата рака, и наситуваш желбата на сѐ живо. 17Праведен Си, Господи, на сите Твои патишта, и добар Си во сите Твои дела. 18Господ е близу до сите кои Го повикуваат, до сите што Го призиваат искрено. 19Тој ги исполнува желбите на оние кои се бојат од Него, ги слуша нивните повици и ги спасува. 20Господ ги пази оние, кои Го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници. 21Нека мојата уста искажува фалба на Господа, и секое тело нека Го слави Неговото свето име, секогаш и довека.

Селектирано:

ПСАЛМИ 145: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се