Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 139:1-12

ПСАЛМИ 139:1-12 MKB

Господи, ме согледуваш целиот и ме познаваш, Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли. Дали одам или лежам, Ти гледаш сѐ, познати ти се сите мои патишта. Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сѐ знаеш. Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене. Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам. Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си. Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето, и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи. Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!“ Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ПСАЛМИ 139:1-12