Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 122

122
За мир на Ерусалим
1. Господов Дом
Песна на воздигање. Давидова поклоничка песна.
1Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во Господовиот Дом!“ 2Нашите нозе веќе стојат, на твоите врати, о Ерусалиме. 3Ерусалиме, цврсто изграден граду и како во едно слеан! 4Племињата, Господовите племиња, влегуваат таму, според Израелевиот закон, да Го слават Господовото Име. 5Судиски столици стојат таму, столици на Давидовиот дом.
2. Молитва за мир и благосостојба
6Молете мир за Ерусалим! Блазе им на оние, кои те љубат тебе! 7Нека биде мир зад твоите ѕидови и изобилие во твоите дворци! 8Заради своите браќа и пријатели ќе викам: „Мир на тебе!“ 9Заради Господовиот Дом, на нашиот Бог, јас ќе се молам за твоето добро.

Селектирано:

ПСАЛМИ 122: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се