Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 121

121
Господ мој Пазител
Песна на воздигање.
1Ги подигам моите очи кон горите: откаде ќе ми дојде помош? 2Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата. 3Тој нема да остави да се сопне твојата нога и Тој нема да задреме, твојот чувар. 4Не, не дреме и не спие Тој, Израелевиот чувар. 5Господ е твој пазител, Господ е твоја сенка, на твојата десна рака. 6Сонцето нема да ти наштети дење ни месечината ноќе. 7Господ да те чува од секое зло, да ја чува твојата душа! 8Господ да го чува твоето излегување и враќање, од сега и довека.

Селектирано:

ПСАЛМИ 121: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се