ПСАЛМИ 109
109
Псалм на проклетства против душмани
1. Повик за помош
За началник на пејачи. Давидов псалм.
1Боже, моја славо, не молчи! 2Безбожничка и измамлива уста се отвори против мене, зборува со лажлив јазик, 3ме опкружува со зборови на омраза, ме напаѓа без причини. 4Тие ме оптужуваат за мојата љубов, а јас само се молам. 5Ми враќаат зло за добро, омраза за мојата љубов.
2. Против лажливи и лукави непријатели
6Крени го безбожникот против него и тужителот нека му застане оддесно! 7Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата да му се земе за грев! 8Неговите денови нека бидат малубројни, неговата служба нека ја добие друг! 9Неговите деца нека останат сираци, а неговата жена вдовица! 10Неговите деца нека бидат скитници, просјаци, нека бидат исфрлени од опустени домови! 11Заемодавачот нека му го присвои сиот имот, туѓинците нека го разграбаат плодот на неговата мака! 12Никој нека нема сомилост кон него, никој да не им се смилува на неговите сираци! 13Нека му се затре потомството, во второ колено нека згасне неговото име!
14Да си спомнува Господ за неговите гревови, и гревот на мајка му нека не биде избришан: 15нека бидат секогаш пред очите на Господа! Нека се избрише нивниот спомен од земјата; 16зашто не се сети да прави милостина, туку ги гонеше бедните и немоќните и го тераше во смрт човекот со разбиено срце. 17Го сакаше проклетството, па нека го стигне, не сакаше благослов, нека е далеку од него! 18Нека се облече со проклетство како со облека, нека влезе во него како вода, и како масло во неговите коски. 19Да му биде облека со која се покрива, појас со кој се препашува секогаш! 20Така нека им плати Господ на моите тужители, што зборуваат зло против мојата душа!
3. Продолжување на повик за помош
21А Ти, Боже Господи, заземи се за мене, заради Своето Име, спаси ме, зашто е милостива Твојата љубов! 22Зашто сум беден и сиромашен, и моето срце е рането во мене. 23Јас исчезнувам како сенката што превалува, ме гонат како скакулец. 24Колената ми се изнемоштени од пост и моето тело ослабе, без масло. 25Им станав ним за укор, мрдаат со главата кога ќе ме видат.
26Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме според Твојата добрина! 27Нека знаат дека ова е Твојата рака и дека Ти, Господи, го направи тоа. 28Тие нека колнат, Ти благословувај; нека се засрамат, кои се креваат против мене, а Твојот слуга нека се радува! 29Нека се облечат со срам моите тужители, и со засраменост нека се покријат како со покривало!
30Ќе Го славам Господа со сета уста и ќе Го фалам во големо мноштво, 31зашто стои оддесно на сиромашниот, за да му ја спаси душата од судиите.
Селектирано:
ПСАЛМИ 109: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.