Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 110

110
Пророчко-месијански псалм
1. Месија - Цар
Давидов псалм.
1Господ Му рече на мојот Господ: „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!“ 2Господ ќе го испружи жезолот на твојата сила од Сион: „Владеј среде Твоите непријатели!“
2. Месија - Свештеник
3Во денот на Твојата сила, Твојот народ е готов; во убавината на светината од утробата, пред деницата, Твојата младост е слична на росата.
4Господ се заколна и нема да се покае: „Ти си свештеник, довека, по редот Мелхиседеков!“ 5Господ Ти е оддесно, Тој ќе ги порази царевите во денот на Својот гнев.
3. Месија - Победител
6Тој ќе им суди на народите: ќе ја наполни земјата со трупови, ќе смачка глави во многу земји. 7Патем ќе пие од потокот, затоа ќе ја крене главата.

Селектирано:

ПСАЛМИ 110: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се