Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 9

9
П. Премудрост и неразумност
1. Повик на премудрост
1Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови. 2Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол. 3Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини: 4„Кој е глупав, нека наврати ваму!“ А на неразумните им говори: 5„Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав; 6оставете ја лудоста, за да живеете, и одете по патот на разумот.
2. Совети на Премудрост
7Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен, се валка себе си. 8Не изобличувај го потсмевачот, за да не те замрази, кори го мудриот за да те засака. 9Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење. 10Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум. 11Преку Мене ти се умножуваат деновите и ти се множат годините на животот. 12Ако си мудар, за себе си мудар; ако бидеш потсмевач, самиот ќе поднесуваш.“
3. Безумна жена
13Безумната жена е немирна, проста е и не знае ништо. 14Седи при вратата на својата куќа на столица, во градските височини, 15па ги повикува оние, кои поминуваат по патот, кои одат право по своите патеки: 16„Кој е неискусен, нека наврати ваму!“ и на неразумниот му говори: 17„Крадената вода е слатка, и пријатно е да се јаде леб скришно.“ 18А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се