Кој ја љуби поуката, го љуби знаењето, а кој го мрази укорувањето неук е. Добриот добива милост од Господа, а подмолниот осуда. Човекот не се зацврстува со беззаконие, а коренот на праведникот не се помрднува. Добродетелната жена е венец на својот маж, а срамотната е како гнилеж во неговите коски. Мислите на праведните се справедливи, а сплетките на нечесните се измамливи. Зборовите на нечесните се заседа за крвопроливање, а праведните ги избавува нивната уста. Нечесните се сосипуваат и веќе ги нема, а домот на праведникот останува. Човекот бидува пофалуван според остроумноста на својот разум, а опакиот во срцето ќе биде презрен. Подобро е да бидеш мал и да имаш само еден слуга, отколку да се издигаш, а да немаш ни леб. Праведникот внимава и на животот на својот добиток, додека на нечесниот срцето му е свирепо. Кој ја обработува својата земја, наситен е со леб, а кој трча по суетата, неразумен е. Копнежот на нечесниот е мрежа од зло, а коренот на праведникот дава плод. На нечесниот стапица му е гревот на неговата уста, а праведникот се избавува од беда. Од плодот на својата уста секој ќе се насити изобилно, а она што го направил со рацете, ќе му се врати.
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 12:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа