Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БРОЕВИ 20

20
Смртта на Маријам
1Потоа Израелевите синови стигнаа, сета заедница, во пустината Цин, во првиот месец. Народот се настани во Кадис. Маријам почина таму и ја погребаа таму.
Вода од Карпа (Мерива)
2Немаше вода за заедницата. Затоа се здружија против Мојсеја и против Арона. 3Народот почна да се препира со Мојсеја и да вели: „О, да бевме изумреле кога и нашите браќа загинаа пред Господа! 4Зошто го доведовте Господовото општество во пустинава, за да изумреме тука и ние и нашиот добиток? 5Зошто нѐ изведовте од Египет, за да нѐ доведете во незгодново место; место во кое нема ни жито, ни смокви, ни грозје, ни калинки? Нема ни вода за да пиеме.“ 6Мојсеј и Арон отидоа од народот кон влезот во Шаторот на средбата и паднаа на своите лица. Господовата слава им се јави тогаш. 7И Господ му рече на Мојсеја: 8„Земи го жезалот, па - ти и твојот брат Арон - соберете го општеството. Тогаш, пред нивни очи, речете ѝ на карпата, и таа ќе даде вода од себе. И така ќе им извадиш вода од карпата и ќе ги напоиш: општеството и неговиот добиток.“ 9Мојсеј го зеде жезалот од пред Господа, како што му нареди.
Мојсеев и Аронов грев.
10Потоа Мојсеј и Арон го собраа народот пред карпата, па Мојсеј им рече: „Чујте, бунтовници! Дали ќе ви извадиме вода од карпава?“ 11И Мојсеј ја подигна раката и удри со жезалот двапати по карпата: потече многу вода, па заедницата и нејзиниот добиток пиеја. 12А Господ им рече на Мојсеја и на Арона: „Бидејќи немавте вера во Мене, за да ја јавите Мојата светост пред очите на Израелевите синови, вие нема да го воведете народов во земјата, што му ја давам.“ 13Тоа се водите на Мерива, крај кои Израелевите синови се препираа со Господа, а Тој им ја јави Својата светост.
14Од Кадис, Мојсеј му испрати посланици на царот на Едом: „Твојот брат Израел вели вака: ‘Ти ги знаеш сите страдања што нѐ најдоа. 15Нашите татковци се спуштија во Египет. Живеевме многу време во Египет. А Египетците постапуваа лошо со нас и со нашите предци. 16Затоа Му се молевме на Господа, и Тој го чу нашиот глас и испрати ангел, кој нѐ избави од Египет. Еве нѐ сега во Кадис, град на меѓата на твоето подрачје. 17Пушти нѐ да поминеме низ твојата земја. Не ќе врвиме низ полето ни низ лозјата, ниту ќе пиеме вода од твоите кладенци; ќе одиме по Царскиот Пат, не свртувајќи ни десно ни лево додека не поминеме преку твоето подрачје.’“ 18Едом му одговори: „Не поминувај преку мојата земја, зашто ете ме со меч пред тебе!“ 19„Ќе одиме по друмот - рекоа Израелевите синови - а ако пак пиеме твоја вода, ние или нашите стада, ќе платиме за тоа. Ништо повеќе, само да поминеме со нозе.“ 20„Не поминувај!“- одговори. И Едом излезе против него со многу луѓе и со силна рака. 21Така Едом не му дозволи на Израел да помине преку неговите предели, и Израел се заврте од него.
Аронова смрт
22Запатувајќи се од Кадис, Израелевите синови стигнаа, сета заедница, до планината Ор. 23Кај гората Ор, покрај едомската меѓа, Господ им рече на Мојсеја и на Арона: 24„Арон нека им се придружи на своите луѓе! Нема да влезе во земјата што им ја давам на Израелевите синови, зашто се спротививте на Мојата заповед кај Меривските Води. 25Земи ги: Арона и сина му Елеазар, па изведи ги на гората Ор. 26И соблечи му ја на Арона неговата облека и облечи го во неа неговиот син Елеазар. Арон ќе им се придружи на своите луѓе, ќе умре таму.“ 27Мојсеј направи како што нареди Господ. Се искачија на Ор пред целото општество. 28Мојсеј ја соблече од Арона неговата облека и му ја облече на неговиот син Елеазар. Арон почина таму, на врвот на гората. А Мојсеј и Елеазар слегоа од гората. 29Целото општество виде дека Арон почина, и сиот Израелев дом го оплакуваше Арона триесет денови.

Селектирано:

БРОЕВИ 20: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се