Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 5:12-32

ЛУКА 5:12-32 MKB

И кога беше во еден град, ете, човек целиот лепрозен, штом Го виде Исуса падна ничкум и Го замоли, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Тогаш ја протегна раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. И му заповеда никому да не му кажува, туку му рече: „Оди, покажи му се на свештеникот и принеси жртва за твоето очистување, како што заповеда Мојсеј, ним за сведоштво!“ А гласот за Него сѐ повеќе се разнесуваше и големо множество народ доаѓаше да Го слуша и да се лечи од своите болести. А Тој се повлекуваше во пустината и се молеше. И кога еден ден поучуваше, седеа фарисеите и законоучителите, кои дојдоа од сите галилејски и јудејски села и од Ерусалим. А Господовата сила беше таму за да ги исцели. И ете, луѓето донесоа на постела фатен човек и гледаа да го внесат и да го положат пред Него. И бидејќи не најдоа од каде да го внесат заради множеството, се искачија на покривот и го спуштија низ отвор, сосѐ постела, насредина пред Исуса. Кога ја виде нивната вера, рече: „Човеку, ти се опростуваат гревовите.“ Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат, велејќи: „Кој е Овој, Кој хули на Бога? Кој може да ги опростува гревовите освен Единиот Бог?“ А Исус, кога ги созна нивните мисли, во одговор им рече: „Зошто разми-слувате така во своите срца? Што е полесно да се рече: ‘Ти се опростуваат гревовите’ или ‘Стани и оди’! Но, да знаете дека Човечкиот Син има власт на земјата да ги опростува гревовите, му рече на фатениот: „Тебе ти велам, стани и дигни го својот одар и оди си во својот дом!“ И веднаш стана пред нив, го зеде она на кое лежеше, и си отиде дома, славејќи Го Бога. И тие сите се зачудија и Го славеа Бога и - исполнети со страв - зборуваа: „Денес видовме чудни нешта!“ И потоа излезе и го забележа цариникот по име Левиј, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. И Левиј му приреди голема гозба во својот дом; имаше и многу цариници и други прилегнати покрај трпезата. А фарисеите и нивните книж-ници им негодуваа на Неговите ученици, велејќи:“ Зошто јадете и пиете со цариниците и греш-ниците?“ Исус одговори и им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не дојдов да ги повикам праведните, туку греш-ниците на покајание.“