Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 5

5
Повикување на први ученици
1Еднаш, додека народот се притискаше кон Него, за да го слуша Божјото Слово, а Тој стое-ше при Генисаретското Езеро, 2виде два кораба покрај брегот. Рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите. 3Тој влезе во едниот кораб, кој беше Симонов, го замоли да го оддалечи малку од копното. Потоа седна и го поучу-ваше народот од коработ. 4А кога прекрати да зборува, му рече на Симона: „Одвеслај кон длабокото и фрлете ги своите мрежи за лов!“ 5Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но на Твој збор, ќе ги фрлам мрежите.“ 6И кога го направија тоа, уловија големо множество риба, така што им се кинеа мрежите. 7И им дадоа знак на другарите, во другиот кораб, за да дојдат и да им помо-гнат. И дојдоа и ги наполнија двата кораба, така што почнаа да тонат. 8Кога Симон Петар го виде тоа, падна пред Исусовите колена и рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“ 9Зашто се зачудија - тој и сите, кои беа со него, заради ловот на рибите што ги уловија. 10А исто така и Заве-деевите синови, Јован и Јаков, кои беа Симонови другари. А Исус му рече на Симона: „Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!“ 11И ги извлекоа корабите на суво, оставија сѐ и отидоа по Него.
Очистување на лепрозен и исцелување на фатен
12И кога беше во еден град, ете, човек целиот лепрозен, штом Го виде Исуса падна ничкум и Го замоли, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ 13Тогаш ја протегна раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. 14И му заповеда никому да не му кажува, туку му рече: „Оди, покажи му се на свештеникот и принеси жртва за твоето очистување, како што заповеда Мојсеј, ним за сведоштво!“ 15А гласот за Него сѐ повеќе се разнесуваше и големо множество народ доаѓаше да Го слуша и да се лечи од своите болести. 16А Тој се повлекуваше во пустината и се молеше.
17И кога еден ден поучуваше, седеа фарисеите и законоучителите, кои дојдоа од сите галилејски и јудејски села и од Ерусалим. А Господовата сила беше таму за да ги исцели. 18И ете, луѓето донесоа на постела фатен човек и гледаа да го внесат и да го положат пред Него. 19И бидејќи не најдоа од каде да го внесат заради множеството, се искачија на покривот и го спуштија низ отвор, сосѐ постела, насредина пред Исуса. 20Кога ја виде нивната вера, рече: „Човеку, ти се опростуваат гревовите.“ 21Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат, велејќи: „Кој е Овој, Кој хули на Бога? Кој може да ги опростува гревовите освен Единиот Бог?“ 22А Исус, кога ги созна нивните мисли, во одговор им рече: „Зошто разми-слувате така во своите срца? 23Што е полесно да се рече: ‘Ти се опростуваат гревовите’ или ‘Стани и оди’! 24Но, да знаете дека Човечкиот Син има власт на земјата да ги опростува гревовите, му рече на фатениот: „Тебе ти велам, стани и дигни го својот одар и оди си во својот дом!“ 25И веднаш стана пред нив, го зеде она на кое лежеше, и си отиде дома, славејќи Го Бога. 26И тие сите се зачудија и Го славеа Бога и - исполнети со страв - зборуваа: „Денес видовме чудни нешта!“
Повикување на Матеј
27И потоа излезе и го забележа цариникот по име Левиј, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ 28Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. 29И Левиј му приреди голема гозба во својот дом; имаше и многу цариници и други прилегнати покрај трпезата. 30А фарисеите и нивните книж-ници им негодуваа на Неговите ученици, велејќи:“ Зошто јадете и пиете со цариниците и греш-ниците?“ 31Исус одговори и им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. 32Не дојдов да ги повикам праведните, туку греш-ниците на покајание.“
33А тие Му рекоа тогаш: „Јова-новите ученици постат често и се молат, така и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ 34Исус пак им рече: „Можете ли да ги натерате сватовите да постат додека е младоженецот со нив? 35Туку ќе дојдат дни кога младоженецот ќе биде грабнат од нив; тогаш ќе постат, во тие дни. 36А им ја кажа и оваа парабола: „Никој не кине крпа од нова облека, за да ја стави на стара облека; инаку ја кине новата облека, а на старата не ѝ прилега крпа од новата. 37И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите и ќе истече, а мевовите ќе пропаднат. 38Туку ново вино, треба да се налева во нови мевови, па се запазува и едното и другото. 39И никој - откако пил старо вино - не сака ново, зашто вели: „Старото е подобро.“

Селектирано:

ЛУКА 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

Видео за ЛУКА 5