Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 17

17
Опомени и совети
1И им рече на Своите ученици: „Не е можно да не дојдат соблазни, но горко на оној, преку кого доаѓаат! 2Подобро би било за него да му биде обесен мелнички камен на вратот и да го фрлат во морето, отколку да соблазни еден од маливе. 3Внимавајте на себе! Ако ти згреши твојот брат, укори го и прости му, ако се покае. 4Ако и седумпати на ден, згреши против тебе и седумпати се обрати кон тебе и рече: ‘Се кајам!’- прости му!“
5Апостолите Му рекоа на Господа: „Придај ни вера!“ 6А Господ рече: „Ако навистина има-те вера колку синаповото зрно - ќе ѝ речете на црницава: „Откорни се и пресади се во морето!“ И таа би ве послушала.“ 7“Кој од вас - ако има слуга - кој ора или го чува стадото, ќе му рече, кога ќе се врати од поле: „Дојди бргу и прилегни покрај трпезава!“ 8Нема ли да му каже: ‘Приготви ми нешто за вечера и препаши се, за да ми служиш додека јадам и пијам, а потоа и ти јади и пиј!’ 9Зар ќе му благодари на слугата, што ја исполнил заповедта? 10Така и вие, кога исполнивте сѐ што ви е заповедано, речете: ‘Ние сме непо-лезни слуги; зашто го извршивме она, што бевме должни да го извршиме.’“
Благодарност и неблагодарност
11И кога одеше за Ерусалим, поминуваше меѓу Самарија и Галилеја. 12И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи, кои застанаа пода-леку 13и го поткренаа гласот, велејќи: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“ 14А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свеш-тениците!“ И се очистија додека одеа. 15А еден од нив, кога виде дека оздравел, се врати славејќи Го Бога гласно. 16И падна на лице при Неговите нозе и Му благодари. А тој беше Самарјанец. 17Тогаш Исус одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се уште деветте? 18Не најдоа ли да се вратат и да Му благодарат на Бога, освен овој туѓинец!“ 19И му рече: „Стани и оди си, твојата вера те спаси!“
Доаѓање на Божјото Царство
20А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?“ Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види; 21ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина. 22А на учениците им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе посакате да видите само еден ден од деновите на Човечкиот Син, и не ќе го видите. 23И ќе ви зборуваат: ‘Еве Го тука!’ или ‘Ене Го онаму!’ Не одете таму и не трчајте по нив! 24Зашто како што молњата, која светнува - од едниот крај под небото - и го осветлува другиот крај, така ќе биде Човечкиот Син во Својот Ден. 25Но, прво Тој треба да претрпи многу и да биде отфрлен од ова поколение. 26И како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Човечкиот Син: 27јадеја, пиеја, се женеа и се мажеа, сѐ до денот кога Ное влезе во Ковчегот; и дојде потопот и ги уништи сите. 28Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; 29а во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги уништи сите. 30Исто така ќе биде во оној Ден, кога ќе се јави Човечкиот Син. 31Во тој Ден, кој ќе биде на покривот, а неговата покуќнина е во домот, нека не слегува да ја земе! Исто така, кој ќе биде во полето, нека не се враќа кон останатите работи. 32Спо-мнете си за Лотовата жена. 33Кој сака да ја запази својата душа, ќе ја изгуби; а кој ќе ја изгуби, ќе ја запази. 34Ви велам - во таа ноќ, двајца ќе бидат во една постела, едниот ќе биде однесен, а другиот ќе биде оставен. 35Две жени ќе мелат заедно, едната ќе биде однесена, а другата ќе биде оставена. 36Двајца ќе бидат на нива, едниот ќе биде однесен, а другиот ќе биде оставен.“ 37Тогаш проговорија и Му рекоа: „Каде Господи?“ А Тој им рече: „Каде е трупот, таму ќе се собираат и орлите!“

Селектирано:

ЛУКА 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност