Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛЕВИТ 21

21
Светост на свештеници
1И Господ му рече на Мојсеја: „Зборувај им на свештениците, на Ароновите синови, и речи им: ‘Нека не се онечистуваат со допирање на покојник во својот народ, 2освен за свои најблиски роднини: за мајка си, за татка си, за синот, за ќерката и за братот, 3и за својата сестра, девица, која му е најблиска крвна роднина, која живее при него и не била мажена. 4Но нека не се онечистува за роднините и така да стане нечист. 5Нека не ја бричат главата; нека не ги стрижат краиштата на своите бради, ниту да прават засеци на своето тело. 6Нека Му бидат свети на својот Бог; нека не го обесветуваат името на својот Бог, зашто тие принесуваат палени жртви на Господа, леб на својот Бог; затоа треба да бидат свети. 7Нека не се женат со блудница и со обесчестена; ниту смеат да се женат со онаа, која нејзиниот маж ја отпуштил, зашто тие се свети на својот Бог. 8И нека биде осветен, зашто тој го принесува лебот на твојот Бог; нека ти биде свет, зашто Сум свет Јас, Господ, Кој ве осветува вас. 9Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.’
10‘А велесвештеникот од своите браќа, на чија глава е излеано масло за помазание и кој е осветен да носи света облека, нека не оди со откриена глава, ниту да ја раскинува својата облека. 11Нека не влегува ниту при еден мртовец; не смее да се онечистува, ниту за татка си, ниту за мајка си. 12Нека не излегува од Светилиштето, за да не го онечисти Светилиштето на својот Бог, зашто на себе го носи венецот на маслото со помазанието на својот Бог. Јас Сум Господ. 13Нека зема девица за жена. 14Не смее да се жени со вдовица, или со оставена од маж, или со обесчестена или со блудница; нека се жени со девица од својот народ; 15така нема да го загади своето потомство меѓу својот народ, зашто Јас, Господ, го осветувам.’“
16Господ му рече на Мојсеја: 17„Речи му на Арона: ‘Никој од твоите потомци, во нивните родови, кои ќе имаат некаков телесен недостаток не смее да се доближи да го принесува лебот на својот Бог. 18Ниеден на кого има недостаток не смее да пристапува: ни слеп, ни хром, ни со обезличен нос, ни со излишен член; 19ни таков кој има скршена рака или нога; 20ни подгрбавен, ни со сув член, ни со болни очи, ни лишав, ни јадежлив, ни килав. 21Ниеден човек од потомците на свештеникот Арон, кој има недостаток, нека не пристапува да принесува паленица; бидејќи има недостаток, нека не се доближува да Му принесува леб на својот Бог. 22Може да јаде од храната на својот Бог: од светите и од пресветите жртви; 23но нека не доаѓа кон завесата, ниту да му пристапува на жртвеникот, зашто има недостаток. Нека не ги обесветува Моите светилишта, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’“ 24Мојсеј им го кажа тоа на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови.

Селектирано:

ЛЕВИТ 21: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност