Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 23

23
Б. Слово на Исуса кон девет ипол племиња
1Поминаа многу денови откако Господ му даде на Израел да се одмори од сите непријатели наоколу. И Исус беше остарел, навлегол во години. 2Затоа Исус ги повика сите Израелци, старешините, главатарите, судиите и управителите нивни, и им рече: „Остарев и напреднав во годините. 3Вие бевте сведоци на сѐ што Господ, вашиот Бог, пред ваши очи, им направи на сите народи заради вас: Господ, вашиот Бог, се бореше за вас. 4Видете, ви ги разделив вам со жрепка во наследство на вашите племиња сите народи што останаа, и сите оние народи што ги истребив од Јордан до Големото Море на запад. 5Господ, вашиот Бог, сам ќе ги гони пред вас и ќе ги истера од пред вас, и ќе ја завладеете нивната земја, како што ви вети Господ, вашиот Бог. 6И така, бидете постојани и сѐ поцврсти во тоа да го пазите и вршите сѐ тоа што е напишано во Книгата на Мојсеевиот Закон, и да не отстапете од тоа ни десно ни лево. 7Не мешајте се со тие народи кои останаа меѓу вас; и не спомнувајте ги имињата на нивните богови ниту се колните во нив; не служете им и не клањајте им се. 8Туку држете се до Господа, својот Бог, како што правевте до денес. 9Господ, изгони од пред вас големи и силни народи, и никој до денес не можеше да устои пред вас. 10Еден од вас тераше пред себе илјада зашто Господ, вашиот Бог, се бореше за вас, како што ви вети. 11Внимателно пазете да го љубите Господа, вашиот Бог, зашто се работи за вашиот живот. 12Зашто ако се одметнете и се долепите до остатокот на оние народи, кои останаа меѓу вас, и ако се поврзете со нив и се измешате со нив и тие со вас, 13знајте добро дека Господ, вашиот Бог, ќе прекрати да ги гони тие народи од пред вас; тие ќе ви станат стапица и мрежа, ќе им бидат бич на вашите слабини и трње во вашите очи, сѐ додека не се иселите од оваа добра земја што ви ја дава Господ, вашиот Бог. 14Еве, јас тргнувам денес на пат каде одат сите на земјата. Знајте и признајте со сето свое срце и со сета своја душа: ниедно од овие ветувања, кои ви ги даде Господ, вашиот Бог, нема да остане неисполнето. 15И како што ви се исполнило секое ветување, што ви го даде Господ, вашиот Бог, така Господ, ќе ја исполни секоја закана додека не ве избрише од лицето на оваа добра земја, која ви ја даде Господ, вашиот Бог. 16Ако го прекршите сојузот што Господ, вашиот Бог, го склучи со вас; ако им служите на други богови и им се клањате, ќе избувне Господовиот гнев против вас, и скоро ќе ве снема од добрата земја, која ви ја даде Господ.“

Селектирано:

ИСУС НАВИН 23: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се