Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 17

17
в. Дел на Манасиеви синови
1Со жрепка му падна и делот на Манасиевото племе, зашто Манасиј беше Јосифов првенец. На Махир, Манасиевиот првенец, Галадовиот татко - тој беше воин - му припаднаа Галад и Васан. 2Свој дел добија и другите Манасиеви синови според своите семејства: синовите Авиезерови, синовите Хелекови, синовите Азрилови; синовите Сихемови, синовите Еферови и синовите Семидини. Тоа се машките потомци на Манасиј, Јосифовиот син, според своите семејства.
3А Салпад, синот Еферов, синот Махиров, синот Манасиев, немаше синови, туку само ќерки. Еве им ги имињата: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса. 4Тие дојдоа пред свештеникот Елеазар и пред Исуса, Навиновиот син, и пред главатарите, говорејќи: „Господ му заповеда на Мојсеја да ни се даде и нам наследство меѓу нашите браќа.“ И им дадоа по Господовата заповед наследство меѓу браќата на нивниот татко. 5Така му припаднаа десет делови на Манасиј, освен земјата Галадска и Васанска, што се од онаа страна на Јордан. 6Манасиевите ќерки добија наследство меѓу своите синови, а галадската земја им припадна на другите Манасиеви синови. 7Манасиевата меѓа одеше од Асир до Михмет, што лежи спроти Сихем, а потоа свртуваше десно до жителите на Ен-Тафуј. 8Покраината Тафуј му припаѓаше на Манасиј, но самиот Тафуј на Манасиевата меѓа им припаѓаше на Ефремовите синови. 9Меѓата влегуваше до потокот Кана. Јужно од потокот беа и овие градови што им припаѓаа на Ефремовите синови од Манасиевите градови; А Манасиевата земја се наоѓаше на север и излегуваше на море. 10Подрачјето на југ му припаѓаше на Ефрем, на север на Манасиј, а морето им беше меѓа; на север граничеа со Асир, а на исток со Исахар. 11На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја. 12Но Манасиевите синови не можеа да ги освојат тие градови, и затоа Ханаанците останаа во тој крај. 13Но кога Израелевите синови зајакнаа, им наметнаа на Ханаанците данок, ама не успеаја да ги протераат.
г. Жалба на Јосифови синови
14Тогаш Јосифовите синови му се обратија на Исуса и прашаа: „Зошто ни даде во наследство според една жрепка, само еден дел, кога сме многубројни и Господ нѐ благословуваше досега?“ 15Исус им одговори: „Штом сте многуброен народ, отидете во горите и расчистете си таму земја во ферезејската и рафајската околија, ако ви е претесна Ефремовата Гора.“ 16А Јосифовите синови рекоа: „Оваа гора не ќе ни биде достатна, а сите Ханаанци кои живеат во рамницата имаат железни коли, тие што се во Вет-Сан и во нивните села, и тие што се во Езраелската Долина.“ 17Тогаш Исус му одговори на Јосифовиот, и Ефремовиот и Манасиевиот дом: „Вие сте многуброен народ и имате голема сила. Затоа не ќе добиеш само една жрепка: 18гората нека биде твоја. Ако е со дрва, исечи ги, па стрмината ќе биде сопственост на твојот дом. Ќе ги изгониш безбедно Ханаанците и ако имаат железни коли, и ако се јаки.“

Селектирано:

ИСУС НАВИН 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се