ЈОНА 1
1
ПРОРОКОВА НЕПО-СЛУШНОСТ И СТРАДАЊЕ
1:1-2:1
А. Повикување и бегство на Јона
1Господовото слово му дојде на Јона, синот Аматиев и му рече: 2„Стани, оди во Нинивија, град голем, и викај против него, зашто нивното зло се воздигна пред Моето лице.“ 3А Јона стана за да побегне во Тарсис, од Господовото присуство. Слезе во Јафа и најде брод што пловеше во Тарсис. Го плати возењето и слегна во него за да отплови со нив во Тарсис, далеку од Господовото присуство.
Б. Голема бура на море
4Но Господ фрли голем ветар на морето, и стана голема бура во морето, та мислеа дека бродот ќе се разбие. 5Морнарите се исплашија; секој го повика својот бог, и за да го олеснат, го фрлаа во морето товарот што беше во бродот. Јона пак беше слегол на дното на бродот, легнал и заспал со цврст сон. 6Заповедникот на бродот му пристапи и рече: „Што е со тебе, спанко? Стани и повикувај Го својот Бог! Можеби Тој Бог ќе си спомне за нас за да не загинеме.“
7Потоа си рекоа едни на други: „Ајде да фрлиме жрепки, за да видиме заради кого ни дојде ова зло.“ Фрлија жрепка, и жрепката падна на Јона. 8Тогаш тие му рекоа: „Кажи ни: заради кого ни дојде ова зло, со каква работа се занимаваш? Откаде доаѓаш, од која земја си и од кој народ?“ 9Тој им одговори: „Јас сум Евреин и се бојам од Господа, небесниот Бог, Кој ги направи морето и копното.“ 10Мажите се исплашија многу и му рекоа: „Што е тоа што го направи!“ Зашто беа узнале дека тој бега од Господовото присуство, и самиот им го раскажа тоа.
В. Јона фрлен во разбранувано море
11Тие го прашаа: „Што да направиме со тебе за да ни се смири морето?“ Зашто морето стануваше сѐ побурно. 12Тој им одговори: „Земете ме и фрлете ме во морето, па ќе ви се смири морето, зашто знам дека заради мене се крена на вас ова голема бура.“ 13Но мажите веслаа за да се вратат на копното но не беа способни, зашто морето се креваше сѐ побесно против нив. 14Тогаш го повикаа Господа и рекоа: „Господи, Ти се молиме, Ти се молиме, не оставај да загинеме заради животот на овој човек и не навалувај врз нас невина крв, зашто Ти о Господи, си направил како што ти е мило.“ 15И го зедоа Јона, и го фрлија во морето, и морето престана да беснее. 16Тогаш мажите се уплашија од Господа со голем страв, та Му принесоа жртва на Господа и направија заклетви. 17Господ беше определил голема риба да го проголта Јона. Јона беше во рибината утроба три дни и три ноќи.
Селектирано:
ЈОНА 1: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.