Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОНА 2

2
ЈОНИНО ПОКАЈАНИЕ И ИЗБАВУВАЊЕ
2:2-10
1Тогаш Јона се помоли на Господа, својот Бог, од рибината утроба. 2Тој рече: Во својата неволја извикав кон Господа и Тој ме послуша; извикав од утробата на Подземјето, и Ти ми го чу гласот. 3Ти ме фрли во длабочината, во срцето на морето, и водата ме опкружи. Сите Твои поплави и бранови минаа преку мене. 4Реков: ‘Отфрлен сум од пред Твоите очи. Но сепак ќе погледнам повторно кон Твојот свет храм.’ 5Водите ме опкружија дури до душата моја, бездната ме опколи. Тревите ми ја завиткаа главата, 6слегов до корењата на планините. Околу мене беа засекогаш земните лостови. Но Ти извади го од јама мојот живот, О Господи, Боже мој. 7Кога изнемогна душата моја во мене, си спомнав за Господа, и мојата молитва влезе при Тебе, во Твојот свет храм. 8Оние кои се придружуваат кон суетните идоли, ја оставаат својата добродушност. 9А јас ќе ти принесам жртва со гласот на фалба. Што се заветував, ќе исполнам. Спасението е од Господа.“ 10Тогаш Господ и заповеда на рибата, и таа го изблува Јона на копното.

Селектирано:

ЈОНА 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се