Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 7

7
г. Јов тагува заради своите жални денови
1Не е ли војување човековиот живот на земјата? Не ги поминува ли дните како наемник? 2Како што трудовиот роб копнее по сенка, како надничарот што ја чека платата, 3така ми паднаа мене месеци на јад, и мачни ноќи ми се досудени. 4Мислам лежејќи, постојано: „Кога ќе станам?“ А станувајќи: „Кога ќе ја дочекам вечерта?“ И така се измачувам сѐ додека не се смрачи. 5Моето тело е облечено во црви и кал, мојата кожа пука и тлее. 6Моите денови поминаа побрзо од совалката за ткаење, исчезнаа брзо без никаква надеж. 7Спомни си: мојот живот е само лесно ветре, и моите очи не ќе ја видат веќе среќата! 8Пријателското око нема да ме гледа веќе; својот поглед го насочи во мене па се сушам. 9Како што облакот исчезнува и се расплинува, така кој ќе слезе во гробот, веќе не излегува. 10Никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава. 11Затоа нема да ѝ бранам на својата уста, ќе зборувам сега во стеснувањето на својот дух, јас ќе плачам во горчливоста на душата. 12Зар сум море или морско чудовиште, па си поставил стража над мене? 13Велам ли: „Ќе се смирам на креветот, леглото ќе ми ги олесни маките,“ 14со соништа ме плашиш тогаш, ме ужаснуваш со мачни привиди. 15Каде е среќата па да се задушам! Помила ми е смртта отколку моите коски. 16Јас гинам и не ќе живеам вечно; остави ме, зашто моите дни се здив! 17Што е човекот па Ти толку да го цениш, толку да му прирасна на Твоето срце, 18и да го посетуваш секое утро и да го испитуваш во секој миг? 19Кога ќе го симнеш Својот поглед од мене, и да ме оставиш да ја голтнам плунката? 20Ако згрешив, што ти сторив Тебе, о Ти кој внимателно го набљудуваш човекот? Зошто ме зеде за прицел, па станав терет на себеси. 21Зар не можеш да ми го простиш мојот престап и не можеш да преминеш преку мојата вина? Зашто, малку ќе помине и ќе легнам во прав, утре ќе ме бараш, но нема да ме има.“

Селектирано:

ЈОВ 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се