Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 8

8
3. Прва Валдадова беседа; Јов сметан за дволичник
1Тогаш проговори Валдад од Шуах и рече: 2„Уште до кога ќе зборуваш така, до кога твојот збор ќе биде како виор? 3Па зар може Бог да ја гази правината, може ли Сѐсилниот да ја изопачи правдата? 4Ако твоите деца Му згрешија, затоа ги предаде на нивните беззаконија. 5Но ако го побараш Бога искрено и замолиш ти милост од Сѐдржителот; 6ако бидеш чист и непорочен, отсега Тој секогаш ќе бдее над тебе и ќе ја обнови куќата на праведникот. 7Ќе биде мала твојата мината среќа, во однос на идната што ќе те чека. 8Но прашај ги само поранешните поколенија, внимавај на мудроста на нивните татковци. 9Ние сме од вчера и не знаеме ништо, нашите земни денови се како сенки. 10Тие ќе те поучат и ќе ти речат, од своето срце ќе извлечат беседи: 11Зар ќе никне рогозата вон мочуриштето? Зар ќе порасте трската без вода? 12Сета се зелени, но и некосена се исушува пред секоја друга трева. 13Такви се патиштата на секој што го заборава Бога; така пропаѓа надежта на безбожниците; 14тенка е нишката на неговото надевање, а неговата надеж е пајакова куќа. 15Ако се потпре, таа му се ниша, ако се фати за неа, таа му се разурнува. 16Се зеленее тој и целиот расте бујно на сонцето, млади гранчиња му ја покрија целата градина. 17Со своите корења ги испреплетка карпите, и црпи живот од жив камен. 18Но ако некој го откорне од местото, тогаш тоа ќе се одрече од него кажувајќи: никогаш не сум те видел. 19И еве сега како гине на патот, додека друго билје веќе никнува од земјата. 20Не, Бог не ќе ги отфрли непорочните, ниту ќе ги потпре рацете на злосторниците. 21Смевот пак ќе ти ја наполни устата, а од усните ќе одекне воскликнување. 22Срамот ќе ги облече твоите непријатели и шаторот на злочинците ќе исчезне.“

Селектирано:

ЈОВ 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се