Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 5

5
в. Казната - плод на нечесност
1Ајде повикувај! Зар ќе ти одговори некој? На кој од светците мислиш да му се обрнеш сега? 2Навистина, безумниот го убива неговиот гнев, љубомората ќе го докрајчи сосем лудиот. 3Видов безумник како се вкоренува, но веднаш ја проколнував неговата куќа. 4Неговите синови се далеку од сигурност, незаштитени, ги тормозат во вратите. 5Гладните ја изедуваат нивната жетва, самиот Бог им ја одзеде од устата, а жедните лакомат за нивните имоти. 6Не, нечесноста не излегува сама од земјата, ниту неволјата може да никне сама од почвата, 7туку човекот се раѓа за страдањата, како што орловиот лет се стреми кон висината.
г. Елифаз го советува Јов да се обрати кон Бога
8Но јас ќе Го побарам Бога и пред Него би ја образложил мојата работа. 9Тој создаде силни недоловливи дела, чудеса што не можат да се избројат. 10Тој роси дожд по сето лице на земјата, и испраќа вода да ни ги натопи полињата. 11За да ги издигне високо понижените, за да ги надари со среќа нажалените? 12Редум го руши она што итреците го смислуваат, сѐ што со раце спроведуваат, Тој им го изјаловува. 13Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство, намислите на сплеткарите, ги претворува во ништо. 14Среде бел ден, запаѓаат во темнина, пипаат на пладне, како среде ноќта. 15Тој го избавува бедниот од нивниот меч, го издига сиромашниот од силничките раце. 16Така му се покажува надежта на бедниот и неправдата треба да ја затвори устата. 17Да, блазе му на човекот кого Бог го изобличува, затоа не презирај го ти карањето на Сѐсилниот! 18Тој ранува, но ја преврзува раната, удира, и залечува со Својата рака. 19Ќе те избави од шест неволји, ни во седмата злото нема да те допре. 20Во глад, ќе те спаси од смрт, а во војна, ќе те грабне од остриот меч. 21Ќе го отстрани од тебе бичот на лошиот јазик, без страв ќе бидеш пред грабнувачот. 22Ти ќе им се смееш на сушата и студот, и не ќе се плашиш од дивите ѕверови. 23Ти ќе склучиш сојуз со камењата на нивата, дивите ѕверови ќе бидат во мир со тебе. 24Ќе уживаш мир во својот шатор, кога ќе го посетиш својот дом, ќе стои негибнат. 25Ќе гледаш како се множи твоето колено и како твоето потомство расте како трева. 26Ти ќе легнеш во гробот кога ќе бидеш стар, како што се собира житниот сноп кога ќе дозрее. 27Го набљудуваме сѐ ова: вистина е жива! Затоа ти послушај сѐ за твое добро.

Селектирано:

ЈОВ 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се