Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 4

4
Б. Прва низа беседи
1. Прва Елифазова беседа
а. Бог не казнува праведен
1Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече: 2„Можеш ли да поднесеш да ти проговорам? Но кој може да се воздржи од зборовите! 3Ете, ти поучи многу луѓе, ги закрепна изнемоштените мишки. 4Со своите зборови ги подигаше истоштените, ги закрепнуваше растреперените колена. 5А кога тебе те снајде, се истошти во духот, кога падна на тебе, целиот се збуни! 6Зар твојата доверба не е стравот Божји, и чесноста на твоите патишта твоја надеж? 7Па спомни си: дали пропаднал некогаш невин? Кога беа истребени праведниците? 8Како што сум видел: кој оре несреќа и сее неволја - неа и ќе ја ожнее. 9Тие загинуваат од Божјиот здив, од Неговото гневно дувнување исчезнуваат од земјата. 10Рикањето на лавот, леопардовото виење, се кршат како заби на лавчињата. 11Лавот загинува од немање лов, се распрснуваат младенчињата на лавицата.
б. Грешен човек гине
12Таен збор ми се објави, моето уво го чу неговиот шепот. 13Ноќе, соништата го опфаќаат духот, и кога длабокиот сон паѓа на луѓето, 14страв и трепет ме совладаа мене, моите коски се стресоа жестоко. 15Некаков здив ми помина преку лицето, се кренаа влакната на моето тело. 16Некој стоеше - не му го познав лицето - но со ликот беше пред моите очи. Насекаде тишина; тогаш чув шепот: 17Зар некој смртник е поправеден од Бога? Зар човекот е почист од својот Создател? 18Не им верува веќе ни на своите слуги и ги обвинува Своите ангели за грешки - 19тогаш колку повеќе: гостите на глинените станови, чија основа е во земниот прав. Ете, ги сотираат нив како молци: 20ги претворуваат во прав од утрото до мракот, исчезнуваат засекогаш - никој и не забележува. 21Зар не ќе помине величието нивно? Тие умираат, но не со мудрост.“

Селектирано:

ЈОВ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се