Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 16

16
2. Втор Јовов одговор на Елифаз
а. Јов се поплакува заради заблудата на пријателите
1Тогаш Јов проговори и рече: 2„Колку се наслушав такви беседи, сите вие сте ми мачни тешители! 3Има ли крај на тие празни зборови? Што те осмелува да ми одговараш така? 4И јас би можел да зборувам како вас, да беше вашата душа на место на мојата; и јас би можел да ве затрупам со зборови и да мрднам со главата така над вашата судбина; 5и јас би можел да ве охрабрувам со устата, и не би го жалел трудот на своите усни.
б. Јов сознава дека Бог се гневи на него
6Но, ако говорам, страдањето не се ублажува, ако ли замолчам, зар ќе ме одмине? 7Сега злопакоста ме умори сосем, цела толпа се нафрли врз мене. 8Стана да сведочи против мене и во моето лице фрла клевети. 9Со својот гнев ме распарчува и гони, чкртајќи со забите се нафрла врз мене. Моите противници ме сечат со очите, 10заканувајќи се, ја отвораат устата против мене, ме удираат срамно по образите, тогаш сите, се нафрлуваат на мене. 11Да, Бог ме предаде на неправедните, Тој ме фрли во рацете на опаките. 12Живеев мирно додека Тој не ме растресе, ме фати за вратот, за да ме скрши, ме зеде за Своја цел. 13Неговите стрели ме окружија, немилосрдно ми ги прободе бубрезите и со мојата жолчка ја натопи земјата. 14Отвора рана до рана на моето тело, како бесен војник напаѓа на мене. 15Го сошив голото тело во вреќиште, го нурнав своето чело во правта. 16Ми се запали целото лице од солзи, темна сенка падна преку моите веѓи. 17А нема насилство во моите раце, мојата молитва секогаш беше чиста.
в. Неговата совест е чиста
18О земјо, немој да ја криеш мојата крв, и не оставај никаде да почине мојот крик. 19Отсега јас имам сведок на небото, мојот Бранител стои горе во висините. 20Моите пријатели ме презираат, додека моите солзи се леат пред Бога. 21О да ме одбрани во мојот спор со Бога како што смртникот го брани својот ближен! 22Но, на мојот живот му се доброени годините, ќе тргнам на пат без враќање.“

Селектирано:

ЈОВ 16: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се