Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 13

13
г. Јов ја отфрла самоуверената мудрост на пријателите
1„Јас го видов сѐ тоа со своите очи, чув со своите уши и разбрав. 2Сѐ што знаете вие тоа го знам и јас, во ништо не сум полош од вас. 3Затоа, треба да зборувам со Сѐдржителот, да ја изложам својата причина пред Бога. 4Зашто, вие сте вистински ковачи на лагата и вие сте сите напразни лекари! 5Кога бисте знаеле да молчите, ќе ја покажевте својата мудрост! 6Сепак слушајте ги моите докази, чујте ја причината на моите усни. 7Зар заради Бога зборувате лаги и зар заради Него се тие измамливи зборови? 8Зар сакате пристрасно да Го браните Бога? Зар сакате да Му бидете застапници? 9Зар би било добро Тој да ве испита? Зар бисте Го измамиле како човек? 10Тој ќе ве изобличи со претешка казна, заради вашата потајна пристрасност. 11Зар не ве плаши Неговото величество и зар не ве опфаќа ужас од Него? 12Вашите причини се пословици од пепел, вашата одбрана е одбрана од кал.
д. Јов ја заштитува својата прадвина
13Молкнете сега! Оставете ме да зборувам, па после нека ме снајде што му е мило. 14Зар своето тело да го кинам сам со забите? Зар да го упропастувам животот со својата рака? 15Тој може да ме убие: немам друга надеж, туку да ги оправдам своите патишта пред Него. 16И тоа е веќе залог за моето спасение, зашто лицемер не може да стапи пред Него. 17Послушајте ги внимателно моите зборови, нека навлезе беседата во вашите уши. 18Ете: јас приготвив расправа, зашто сум уверен во своето право. 19Кој сака да се суди со мене? Зашто ако молкнам, одма ќе издивнам. 20Само две молби не ми скратувај, да не се кријам од Твоето лице, 21крени ја од мене Твојата тешка рака и не плаши ме со својот ужас. 22Тогаш прашај ме, а јас ќе одговорам; или јас да прашам, Ти да одговараш.
ѓ. Јов прашува за бројот на своите гревови
23Колку престапи и гревови направив? Покажи ми ги мојот прекршок и вината. 24Зошто го криеш сега Своето лице од мене и зошто гледаш непријател во мене? 25Зошто го изморуваш со страв листот гонет од ветер и зошто се нафрлаш врз суво сламче? 26О, Ти, Кој ми пишуваш горчливи пресуди и ме теретиш со гревовите на младоста, 27Кој ми ги стави нозете во клада, и Кој бдееше над секој мој чекор и ги испитуваш трагите на моите стапки! 28Животот ми се распаѓа како гнило дрво, како облека што молците ја изедуваат.“

Селектирано:

ЈОВ 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се