Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 12

12
6. Јовов одговор на Софар
а. Јов ги отфрла обвинувањата
1Јов проговори и рече: 2„Навистина, вие сте само луѓе, мудроста ќе изумре со вас. 3Но и јас знам да мислам како и вас, во ништо не сум полош од вас: кој не знае за такви работи? 4Им станав потсмев на моите пријатели, зашто го повикувам Бога да ми одговори! Јас сум за потсмев: непорочниот праведник! 5Тој кој е близу да се клизне со нозете, е како презрен светилник во мислите на оној кој живее спокојно. 6Дотогаш се во мир шаторите на грабачите, предизвикувачите на Бога живеат безгрижно, зашто Бог ги снабдува со Својата рака!
б. Тој изјавува дека Бог е Сѐдржител
7Но, прашај ги животните, и ќе те поучат; прашај ги небесните птици, и ќе ти објаснат. 8Земните гуштери ќе ти го протолкуваат тоа, рибите во морето ќе ти раскажат. 9Од создавањето на светот, кој од нив не знае, дека Божјата рака го создаде сѐ тоа. 10Во неговата рака лежи животот на секое суштество и животворниот здив на секое човечко тело. 11Зар со увото ние не ја распознаваме беседата како што со јазикот го испитуваме вкусот на јадењето? 12Седите коси му донесуваат мудрост на човекот, а со долгиот век му доаѓа умноста.
в. Тој зборува за Божјата провидност
13Но во Него е мудроста и силата, во Него се советот и сета разумност. 14Што ќе разурне, никој не ќе го изгради, кого ќе го затвори, никој не го ослободува. 15Ако ја задржи водата, постанува суша, ако ја пушти, целата земја ја избуричкува. 16Зашто во Него се силата и сета мудрост, Негови се измамениот и измамникот. 17Тој ги лишува советниците од разум, умните судии ги прави глупави. 18Тој го распашува појасот на царевите и со јаже им го врзува бедрото. 19Тој ги тера првенците боси и ги симнува од власт силниците. 20Тој го одзема зборот од устата на зборливите и од старците вистинското расудување. 21Тој излева презир врз првенците и ги распашува бедрата на јунаците. 22Тој ги открива темнините на длабочините и смртната сенка ја изведува на светлина. 23Тој го издига народот, па го уништува, го умножува, а потоа го искоренува. 24Тој ги залудува владетелите на народите, па лутаат по непроодни пустини 25и пипаат во темнина без светлина, залетнувајќи како пијаници.“

Селектирано:

ЈОВ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се