Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕРЕМИЈА 44

44
3. Последни пророштва на Еремија за населените во Египет
1Слово што му се јави на Еремија за сите Јудејци кои живееја во Египетската Земја, кои живееја во Мигдол, во Тафнес и во земјата Патрос. 2„Вака зборува Господ пад Воинствата, Израелевиот Бог: ‘И самите ја видовте сета несреќа што ја навалив врз Ерусалим и врз сите јудејски градови; еве денес тие се куп урнатини, а во нив никој веќе не живее, 3заради нивните злодела што ги направија за да Ме навредуваат Мене, тргнувајќи кон други богови што не ги познавате: ни тие, ни вие, ни вашите татковци, за да им кадат и за да им служат. 4А Јас постојано ви ги праќав Своите слуги, пророците, за да ви речат: „Не правете ги тие гнасости што Ми се замразени!“ 5Ама тие не Ме слушаа, ниту го приклонија своето уво за да се откажат од своето зло и да прекратат да им кадат на туѓи богови. 6Затоа се излеа Мојот гнев и Мојата расрденост, и се распламтија во јудејските градови и по ерусалимските улици, та се претворија во пустина и во урнатини, како што се денес. 7Зошто самите навалувате врз себеси таква голема несреќа - зборува Господ, Бог над Војските, Израелевиот Бог - та самите истребувате од корен сѐ: машко и женско, деца и младенчиња, та ни остатокот нема да ви остане, 8зашто Ме навредувате со делата на вашите раце, кадејќи им на туѓи богови во Египетската Земја, во која што дојдовте да престојувате, а ќе бидете откорнати и ќе станете клетва и потсмев меѓу сите народи на земјата? 9Ги заборавивте ли беззаконијата на своите татковци, беззаконијата на јудејските цареви, беззаконијата на своите кнезови и на нивните жени, и своите беззаконија, беззаконијата на своите жени, направени во Јудејската Земја и по ерусалимските улици. 10До денешен ден не се покајаа, не се боеја, не живееја според Мојот Закон ни по Моите одредби, што ви ги дадов вам и на вашите татковци.’
11Затоа вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Еве, Го свртувам Своето лице против вас, за ваша несреќа, за да ја сотрам сета Јудејска Земја. 12Ќе го однесам остатокот на Јудеја кој одлучи да оди во Египетската Земја, за да се насели таму; сите ќе загинат во Египетската Земја, ќе паднат од меч, ќе гинат од глад, ќе загинат сите, мало и големо, ќе изумрат од меч и од глад, и ќе бидат проклетство, ужас, клетва и укор. 13Ќе ги казнам сите што ќе бидат во Египетската Земја, како што го казнив Ерусалим: со меч, со глад и со помор. 14А од остатокот на Јудеја што дојде да се настани во Египет, никој не ќе избега ниту ќе преживее, за да би можел да се врати во Јудејската Земја, по која им копнеат душите, за да се вратат во неа и за да се настанат таму. Зашто никој не ќе се врати, освен бегалците.’“
15И тогаш сите мажи кои што знаеја дека жените им кадат на туѓи богови, и сите присутни жени, во големо мноштво, и сиот народ што живееше во Египетската Земја и во Патрос, му одговорија на Еремија: 16„Зборовите што ни ги објави во Господово Име ние не ги слушаме; 17спротивно, и натаму ќе го пазиме словото излезено од нашите усти: ќе ѝ кадиме на небеската царица и ќе лееме налевници, како што и ние и нашите татковци, нашите цареви и нашите кнезови правеа во јудејските градови и по ерусалимските улици: тогаш имавме леб во изобилство, бевме среќни, и не трпевме никаква несреќа. 18Но откако прекративме да ѝ кадиме на небеската царица и да ѝ лееме налевници, бевме скудни во сѐ, и гиневме од меч и од глад.“ 19А жените рекоа: „Кога и кадиме на небеската царица и ѝ лееме налевници, зар без знаење на своите мажи печеме колачиња во облик на нејзиниот лик и лееме налевници?“
20Тогаш Еремија на сиот народ, на мажите и жените, и на сите луѓе што му зборуваа така, им рече: 21„Не си ли спомна Господ и не Го ѓибна ли во срцето темјанот што го палевте по јудејските градови и по ерусалимските улици, вие и вашите татковци, вашите цареви, кнезови и земниот полк? 22Господ не можеше веќе да ги поднесува вашите злодела и гнасостите што ги направивте, и затоа вашата земја се претвори во пустина и урнатини, во проклетство, без жители, како што е и денес. 23Заради тоа што, принесувајќи темјан, Му згрешивте на Господа, зашто не го слушавте Господовиот глас и не ги пазевте Господовиот Закон и неговите наредби и сведоштва, ве најде оваа несреќа, каква што е денес.“
24Потоа Еремија му рече на сиот народ, особено на жените: „Чујте го Господовото слово, сите Јудејци што сте во Египетската Земја: 25Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Вие, и вашите жени, тоа што го зборувале вашите усти, тоа вашите раце и го правеле. Рековте: „Ќе ги исполниме нашите ветувања што ги ветивме: ќе ѝ кадиме на небеската царица и ќе ѝ лееме налевници.“ Пазете ги само своите завети и лејте ѝ налевници!’ 26Но затоа чујте го Господовото слово, сите вие Јудејци населени во Египетската Земја: ‘Еве, се заколнувам во Своето големо Име, зборува Господ. Во целата Египетска Земја ниту една јудејска уста не ќе го изговори веќе Моето Име: никој не ќе рече: „Живиот ми Господ!“ 27Еве, бдеам над нив, за несреќа, а не за нивно добро: сите луѓе што се во Египетската Земја ќе загинат од меч и од глад до потполно истребување. 28И ќе бидат малку тие кои ќе му побегнат на мечот и ќе се вратат од Египетската Земја во Јудејската Земја. Тогаш сиот јудејски Остаток, сите кои што дојдоа во Египетската Земја за да живеат таму, ќе научат чиј збор е повреден, Мојот или нивниот. 29А ова нека ви биде знак - говори Господ - дека ќе ве казнам на ова место, за да знаете дека, вам за погибел, ќе се исполнат Моите закани пред вас.’ 30Вака зборува Господ: ‘Ете, ќе го предадам фараонот Вафриј, египетскиот цар, во рацете на неговите непријатели и во рацете на оние што му работат спроти главата, токму како што го предадов Седекија, јудејскиот цар, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, неговиот непријател кој му работеше спроти главата.’“

Селектирано:

ЕРЕМИЈА 44: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се