Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕРЕМИЈА 43

43
В. Служење на Еремија среде бегалци во Египет
1. Насилно одведување на Еремија во Египет
1Кога Еремија му ги кажа на сиот народ сите зборови на Господа, нивниот Бог, сите оние зборови кои Господ, нивниот Бог, ги испрати до нив, 2Езаниј, синот Осаев, и Јоанан, синот Кариов, и сите оние дрски луѓе му одговорија на Еремија: „Ни зборуваш лаги.“ Не те испрати Господ да ни зборуваш: ‘Не одете во Египет за да се населите таму,’ 3туку Варух, синот Нириин, те наговори да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, кои ќе нѐ погубат или ќе нѐ одведат во вавилонско заточение!“ 4И Јоанан, синот Кариов, и сите заповедници и сиот народ не го послушаа Господовиот глас, за да останат во Јудејската Земја. 5Туку Јоанан, синот Кариов, и воените заповедници го поведоа сиот Јудин остаток, оние кои што се беа вратиле од земјите во кои што беа заточени, за да се населат во Јудејската Земја: 6мажите, жените и децата, и сите царски ќерки и сите луѓе кои Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги остави кај Годолиј, синот Ахикамов, синот Сафанов, па и пророкот Еремија, и Варуха, синот Нириин, 7та тие се иселија во Египет, зашто не го слушаа Господовиот глас. И дојдоа до Тафнес.
2. Пророштво за Навуходоносорово навлегување во Египет
8Во Тафнес му дојде Господово слово на Еремија: 9„Земи во рацете големи камења и вгради ги, пред сите Јудејци, со кал во поплочницата пред влезот во фараоновиот дворец. 10И речи им: ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Еве праќам по Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар. Тој ќе го постави престолот врз овие камења што ги вградив и над нив ќе го оптегне својот царски шатор. 11Да, ќе дојде и ќе ја порази Египетската Земја: Кој е за смрт, во смрт! Кој е за заточение, во заточение! Кој е за меч, под меч! 12Тој со оган ќе ги изгори домовите на египетските богови, ќе ги изгори и ќе ги истера боговите, ќе ја исчисти Египетската Земја, како што пастирот ја треби својата облека. И тогаш, во мир ќе си отиде оттука. 13Ќе ги искрши спомениците на капиштето на Сонцето што е во Хелиопол, а капиштата на египетските богови ќе ги изгори со оган.“‘“

Селектирано:

ЕРЕМИЈА 43: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се