Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕРЕМИЈА 25

25
3. Видение за идечкиот крај на Јуда и на многубожечки народи
а. Пророштво за седумгодишно ропство. Упадок на Вавилон
1Слово упатено до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на Јоаким, син на јудејскиот цар Јосиј - тоа е во првата година на Навуходоносор, вавилонскиот цар. 2Пророкот Еремија му го навести тоа слово на сиот Јудин народ и на сите Ерусалимци: 3„Од тринаесеттата година на Јосиј, синот Амонов, јудејскиот цар, сѐ до денешниот ден, на оваа дваесет и трета година, ми доаѓаше Господовото слово, и јас ви зборував еднакво, ама не ме слушавте. 4И Господ исто еднакво ги праќаше кај вас Своите слуги, пророците, но вие не слушавте и не ги приклонивте своите уши за да чуете. 5И ви зборуваа: ‘Вратете се секој од својот лош пат и од своите зли дела, и останете во земјата што Господ ви ја даде вам и на вашите татковци за сите времиња; 6и не одете по туѓите богови, за да им служите и за да им се поклонувате; и не Ме разгневувајте со делата на своите раце, па нема ништо да ви сторам за жал.’ 7Ама не Ме послушавте - говори Господ - туку Ме разгневивте со делата на своите раце, за своја несреќа!
8Затоа вака зборува Господ над Воинствата: ‘Затоа што не ги послушавте Моите зборови, 9еве, Јас ќе ги испратам и ќе ги кренам сите народи од север - говори Господ - и Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе ги доведам против оваа земја и против нејзините жители, и против сите околни народи; ќе ги истребам наполно и ќе ги направам за ужас и потсмев, вечна запустеност. 10И ќе ги задушам меѓу нив: секој глас на радост и веселба, воскликнувањето на младоженецот и невестата, и тропотот на мелницата и светлината на светилката. 11Сета земја ќе се претвори во запустеност и пустина, и сите народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.
12Но кога ќе се наполнат седумдесетте години, ќе ги казнам вавилонскиот цар и оној народ - зборува Господ - за нивното беззаконие, и Халдејската Земја ќе ја претворам во вечни урнатини. 13Ќе доведам врз таа земја сѐ што реков против неа - сѐ што е напишано во овој книжен свиток, што пророкуваше Еремија за сите народи. 14И тие ќе им служат на многу народи и на големи цареви, и ќе им платам според нивните работи и според делата на нивните раце.’“
б. Чаша со вино на јарост за сите народи
15Вака ми рече Господ, Израелевиот Бог: „Земи ја оваа чаша со вино од Мојата рака, и напој ги со него сите народи кај кои ќе те испратам. 16Нека пијат додека не се затетерават и додека не обезумат од мечот што ќе го испратам меѓу нив.“
17И ја зедов чашата од Господовите раце и ги напоив од неа сите народи кај кои што ме испрати Господ: 18Ерусалим и јудејските градови со нивните цареви и кнезови, нека бидат урнатини, потсмев и проклетство, како што се и денес; 19фараонот, египетскиот цар, со неговите слуги и кнезови, и со неговиот народ, 20и сета онаа мешаница од народи: сите цареви на земјата Уз, сите цареви на Филистејската Земја, Аскалон, Газа, Акарон и она што остана од Азот; 21Едом, Моав и Амоновите синови; 22сите цареви на Тир, сите цареви на Сидон, царевите на островите преку море; 23Дедана, Тема, Вуза и сите оние со истригани краеви на косата, 24сите цареви на Арабија, сите цареви на мешаницата од народи, кои престојуваат во пустината; 25сите цареви на Зимрија, и сите цареви на Елам, и сите цареви на Мидија; 26сите цареви на Север, блиските и далечните, еден до друг, и сите царства на лицето на земјата. А царот Сисак ќе пие после нив.
27„И речи им: ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Пијте! Испијанете се! Блувајте! Паднете за да не се дигнете веќе од мечот што ќе го пуштам меѓу вас.“‘
28„Ако не би сакале да ја земат чашата од твојата рака, за да пијат, речи им: ‘Вака зборува Господ над Војските: „Треба да пиете! 29Зашто, еве, Јас почнав да го казнувам градот што се вика со Моето Име. А зар вие да поминете без казна? Не, не ќе останете неказнети, зашто Самиот ќе го повикам мечот да удри на сите жители на земјата“ - говори Господ над Војските.’
в. Божји суд над народи
30„И така, ти им ги пророкувај сите овие зборови и речи им: ‘Господ ќе викне силно од висината, грми со гласот на Своето свето живеалиште, вика со сиот глас против Своето пасиште, подвикнува како оние што газат грозје. До сите жители на земјата 31достига воен вик - до крајот на светот - зашто Господ се парничи со народите, излегува на суд со секое тело, безбожниците ќе им ги предаде на меч - вели Господ.“
32Господ над Војските зборува вака: „Еве, несреќата веќе зафаќа народ по народ; страшно невреме веќе се подига, од краиштата на земјата.
33Во оној ден ќе бидат истепани од Господа од едниот крај на светот до другиот. По нив никој не ќе тажи, ниту некој ќе ги собере и погребе; ќе останат како гној по земјата. 34Ридајте, пастири, и викајте, тркалајте се по правот, водичи на стадата, зашто ви се исполнија деновите за колење, ќе испаѓате како избрани овни. 35Веќе нема засолниште за пастирите, ниту спасение за водичите на стадата. 36Чуј, како ридаат пастирите, како плачат водичите на стадата, зашто Господ го запустува нивното пасиште, 37мирните пасишта се сотрени од Господовиот јаросен гнев. 38Лавот ги остава грмушките, зашто ќе запустее нивната земја, од запустувачкиот меч, од јаросниот Господов гнев.“

Селектирано:

ЕРЕМИЈА 25: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се