Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕРЕМИЈА 21

21
ПРОРОШТВО ЗА РАЗУРНУВАЊЕ НА ЕРУСАЛИМ
21:1-33:26
А. Навуходоносор - Божјо оружје за казнување на Ерусалим
1. Божји суд над нечестиви цареви и пророци на Јудеја
а. Божји одговор на Седекија и претскажување на Вавилонското пленство
1Словото што Господ му го упати на Еремија кога царот Седекија ги испрати кај него Пасхора, синот Мелхиин, и Софониј, синот Масиин, со пораката: 2„Ајде, прашај Го Господа за нас, зашто Навуходоносор, вавилонскиот цар, завојува против нас; можеби Господ пак ќе направи чудо со нас, па непријателот ќе се повлече пред нас.“
3Еремиј им рече: „Речете му вака на Седекија: 4‘Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: „Ќе го повлечам оружјето, што е во вашите раце, со кое се борите против вавилонскиот цар и Халдејците, кои што ве напаѓаат вон ѕидовите, и ќе го соберам среде овој град. 5И Самиот ќе се борам против вас со испружена рака и со силна мишка, во расрденост и во гнев и во голема јарост. 6И со страшен помор ќе ги удрам жителите на овој град, луѓето и животните, и ќе изумрат. 7Потоа, говори Господ - ќе ги предадам: Седекија, јудејскиот цар, и неговите слуги и народот, и сите оние што останаа во тој град после поморот, мечот и гладот, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние кои што им работат спроти главата; тој ќе ги исече со острилото на мечот без сомилост, без милосрдие и без смилување.“‘
8А на овој народ речи му: ‘Господ зборува вака: „Еве ги ставам пред вас патот на животот и патот на смртта. 9Кој ќе остане во овој град, ќе загине од меч, глад и помор. А кој ќе излезе, та им се предаде на Халдејците кои ве опсадуваат, ќе го спаси животот - животот ќе му остане како плен. 10Зашто, му го завртив Своето лице против овој град на зло, а не на добро - говори Господ - и ќе му биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го изгори со оган.“‘
б. Обраќање кон Давидов дом
11На царскиот дом на Јудеја: ‘Чујте го Господовото слово, 12Давидов доме! Господ зборува вака: „Судете праведно секое утро, избавете ги угнетуваните од рацете на угнетувачот, или Мојот гнев ќе пламне како оган, ќе се распали неугасливо заради вашите зли дела.
13Еве Ме против тебе кој живееш на Долинската Пештера - зборува Господ, против вас кои велите: ‘Кој може да се нафрли против нас, кој може да продре во нашите живеалишта?’ 14Но Јас ќе ви платам според плодот на вашите дела - зборува Господ. - ќе ѝ подметнам оган на неговата гора, и ќе проголта сѐ околу неа!“‘“

Селектирано:

ЕРЕМИЈА 21: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се