Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈАКОВ 4:1-10

ЈАКОВ 4:1-10 MKB

Од каде се војните и од каде се борбите меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите страсни желби, што се борат во вашите членови? Сакате и немате, убивате и завидувате, и не можете да постигнете; се борите и војувате. Немате, зашто не молите. Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби. Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога. Или, мислите ли дека Писмото вели напразно: „До ревност го љуби духот, кој живее во нас?“ Но дава поголема благодат. Затоа вели: „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.“ И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; Исчистете ги рацете, грешници, и очистете ги срцата, луѓе со разделена душа! Бидете нажалени, тагувајте, и заплачете: вашата смеа нека се претвори во тага, а радоста во жалост! Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈАКОВ 4:1-10