Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈАКОВ 4

4
1Од каде се војните и од каде се борбите меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите страсни желби, што се борат во вашите членови? 2Сакате и немате, убивате и завидувате, и не можете да постигнете; се борите и војувате. Немате, зашто не молите. 3Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби. 4Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога. 5Или, мислите ли дека Писмото вели напразно: „До ревност го љуби духот, кој живее во нас?“ 6Но дава поголема благодат. Затоа вели: „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.“ 7И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. 8Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; Исчистете ги рацете, грешници, и очистете ги срцата, луѓе со разделена душа! 9Бидете нажалени, тагувајте, и заплачете: вашата смеа нека се претвори во тага, а радоста во жалост! 10Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши!
11Не клеветете се еден друг, браќа; кој го клевети својот брат или го суди својот брат, го клевети законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија. 12Само еден е Законодавец и Судија, Кој може и да спаси и да погуби. А кој си ти, што го осудуваш ближниот?
13Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во овој или во оној град, и таму ќе останеме една година, и ќе тргуваме и ќе спечалиме“, 14вие, кои не знаете што ќе биде утре: зашто, што е вашиот живот? Вие сте пареа, која се јавува за миг, и потоа исчезнува. 15Место да зборувате: „Ако Господ сака, ќе живееме и ќе направиме ова или она“, 16вие сега се фалите во својата надуеност. Секоја таква фалба е зла. 17И така, кој знае да прави добро, а не го прави, грев му е.

Селектирано:

ЈАКОВ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност