Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 39

39
Г. Немудра постапка на Езекија
1. Фалење со свои богатства
1Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Валадан, синот Валаданов, му испрати на Езекија писмо со подарок, зашто беше чул дека бил разболен и дека оздравел. 2Езекија се израдува на тоа и им ја покажа на пратениците својата ризница, среброто, златото, пријатните мириси и мирисливите масла - својата оружница и сѐ што беше во складиштата. Немаше ништо во неговиот дворец и во целото негово господарство што Езекија не им го покажа. 3Тогаш пророкот Исаија дојде при царот Езекија и го праша: „Што рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе? „Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон.“ Исаија праша понатаму: „Што видоа во твојот дворец?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дворец; нема ништо во моите сокровишта што не им покажав.
2. Претскажување на вавилонското заробеништво
5Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го словото на Господа над Воинствата: 6‘Еве доаѓаат денови кога сѐ што е во твојот дворец сѐ што твоите татковци насобраа до денес, ќе биде однесено во Вавилон. Ништо не ќе остане’, вели Господ. 7‘А од синовите што ќе произлезат од тебе, кои ќе ти се родат, некои ќе земат за да му бидат скопени дворјани на вавилонскиот цар.’“ 8Езекија му одговори на Исаија: „Добро е словото што Господ ти го објави.“ А мислеше: „Барем ќе биде мир и безбедност за време на мојот живот.“

Селектирано:

ИСАИЈА 39: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност