Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 11

11
6. Асирски плен
1Додека Израел беше младенец Јас го љубев, го повикав Мојот син од Египет. 2Но колку повеќе го викав, се подалеку одеа од Мене; им жртвуваа на вааловите идоли, им кадеа на киповите, 3а Јас го учев Ефрема да оди, држејќи го за неговите раце; но тие не сознаа дека се грижев за нив. 4Ги привлекував со човечки јажиња, со врските на љубовта; им бев како оној, кој во нивната челуст ја олабавува уздата; се наведнував над него и му давав да јаде. 5Тој ќе се врати во Египетската Земја, Асирецот ќе му биде цар, зашто не сакаше да се врати кај Мене. 6Мечот ќе почне да беснее низ неговите градови, ќе ги погуби неговите младенци; ќе голта заради неговите помисли. 7Мојот народ е наклонет кон отпаѓање, иако го повикуваат кон Вишниот, никој нема да го исправи.
З. Божја жалост за Израел
8Како да постапам со тебе Ефреме, како да те предадам Израелу! Дали да постапам со тебе како со Адма? Дали да постапам со тебе како со Севоим? Моето срце Ми се врати во Мене, милосрдието Ми пламна: 9Не ќе му дадам веќе замав на гневот, не ќе го сотрувам пак Ефрема, зашто Јас Сум Бог, а не човек; Светец сред тебе - не ќе доаѓам веќе гневен!
Ѕ. Обнова на Израел
10Тие ќе одат по Господа, Тој ќе го даде Својот глас како лав; а кога ќе го даде својот глас неговите синови ќе дојдат весело од запад; 11ќе дојдат како птици од Египет, како гулаби од Асирската Земја, и ќе ги населам по нивните куќи. говори Господ. 12Ефрем ме опколи со лага, и Израелевиот дом со измама. А и Јуда уште Му е непостојан на Бога, на верниот Светец.

Селектирано:

ОСИЈА 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се