Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 12

12
И. Ефремова неверност и казна
1. Ефремов грев
1Ефрем се храни со ветер, трча по источниот ветер, цел ден, се повеќе се неговите лаги и насилства. Склучуваат сојуз со Асирија, носат масло во Египет.
2. Суд над Јаков
2Господ има парница со Израел, ќе го казни Јакова според постапките, ќе му врати според неговите дела. 3Уште во мајчината утроба го истисна братот, во машката сила се бореше со Бога. 4Се бореше со Ангел и го надвладеа, плачеше и го молеше. Го најде во Ветил и таму Бог зборуваше со него, 5да, Господ, Бог над Воинствата, Господ е Неговото име. 6И така, врати Му се ти на својот Бог, чувај ги љубовта и справедливоста и надевај се секогаш во својот Бог!
3. Ефремово изобличување во грев
7Во раката на Ханан е крива мерилка, тој сака да задржува.
8И Ефрем рече: „Само се збогатив, натрупав благо.“ Но од сета печалба ништо не ќе му остане, зашто згреши со беззаконија. 9Јас Сум Господ, твој Бог, од Египетската Земја, уште ќе ти дадам да живееш под шатори, како во деновите на Средбата; 10ќе им зборувам на пророците, ќе ги умножам виденијата и ќе ги учам преку зборовите на пророците. 11Галад е навистина беззаконие, сама суета; во Галгал жртвуваат бикови; затоа жртвениците ќе им бидат како куп камења во полските бразди. 12Јаков избега во Арамскиот Крај, Израел служеше за жена, за една жена чуваше стада. 13Но преку пророк Господ го изведе Израел од Египет, и преку пророк Тој го чуваше. 14Ефрем Го навреди прегорчливо: затоа ќе остане врз него, неговиот Господ ќе му ги врати хулите.

Селектирано:

ОСИЈА 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се