Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 3

3
Христос е поголем од Мојсеја. Потребно е вера
1Затоа, свети браќа, вие кои учествувате во небесното призвание, насочете ги вашите мисли кон Исуса, Апостолот и Првосвештеникот на нашето исповедување, 2Кој Му е верен на Оној, Кој Го поставил, како што беше и Мојсеј во целиот Негов дом. 3Зашто Овој е удостоен со поголема слава од Мојсеја, како што поголема чест има од куќата оној кој ја изградил. 4Зашто, секоја куќа некој ја гради; а Бог изградил сѐ. 5Навистина, и Мојсеј беше верен во целиот Негов дом како слуга, за да посведочи за она што имаше да се каже, 6а Христос како Син е над Својот дом; а ние сме Негов дом, ако ги запазиме смелоста и радоста на нашата надеж. 7Затоа како што вели Светиот Дух: „Денес ако го чуете Неговиот глас, 8не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината, 9каде вашите татковци се обидоа да Ме искушуваат, и ги видоа Моите дела четириесет години. Затоа се расрдив на тоа поколение и реков: секогаш скитаат во срцето, не ги познаа Моите патишта; 11така што се заколнав во Својот гнев: нема да влезат во Мојата починка.“
12Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има лукаво срце, што не верува, та да замине од живиот Бог; 13туку бодрете се еден друг секој ден, додека се вели „денес“, да не би некој од вас да отрпне од измамата на гревот. 14Зашто, ние станавме Христови соучесници, само ако почетната увереност ја запазиме цврсто до крај. 15Кога се вели: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето.“ 16Имено, кои се тие кои, откако чуја Го огорчија? Зар не сите кои излегоа од Египет преку Мојсеја? 17А на кои беше гневен четириесет години? Зар не на оние кои згрешија и чии трупови паднаа во пустината? 18А на кои им се заколна дека нема да влезат во Неговата починка, ако не на оние кои беа непокорни? 19И гледаме дека не можеа да влезат поради неверието.

Селектирано:

ЕВРЕИТЕ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност