Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 2

2
Големо спасение
1Затоа треба да внимаваме повеќе на она што го чувме, за да не отпловиме во било кое време; 2зашто, ако словото изговорено преку ангелите се покажа цврсто; и ако секој престап и секоја непослушност примила праведна отплата, 3како ќе ѝ избегаме ние, ако занемариме толкаво голема спасение, кое почна со Господовото проповедање, а кое е потврдено на нас од оние, кои го чуле, 4откако Бог го посведочи со знаци, и со чуда, и со разни сили, и со раздавање на Светиот Дух според Својата волја.
5Зашто не им го покори на ангелите идниот свет, за кого што зборуваме; 6но некој некаде посведочи и рече: „Што е човекот, та да го спомнуваш; или човечкиот син, та да го посетуваш? 7Само за малку си го направил помал од ангелите, и си го овенчал со слава и чест и си го поставил над делата од Твоите раце; 8сѐ си потчинил под неговите нозе.“ А кога му покори сѐ, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сѐ. 9Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите“ - овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.
10Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сѐ и преку Кого е сѐ, откако приведе многу синови во слава, преку страдањата да Го усоврши Началникот на нивното спасение. 11Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветувани, сите се од Еден; затоа не се срами да ги нарече браќа 12кога вели: „Ќе им го навестам Твоето име на Своите браќа, ќе Те фалам среде собранието,“ 13и пак: „Јас ќе се надевам на Него,“ и пак: „Еве јас и моите деца, кои ми ги даде Бог.“ 14Бидејќи пак децата имаат учество во месото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, и со смртта да го уништи оној, кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот, 15и да ги избави оние, кои заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство. 16Зашто навистина, Тој не им даде помош на ангелите, туку дава помош на Аврамовото семе. 17Затоа требаше во сѐ да стане како Своите браќа, за да биде милостив и верен Првосвештеник пред Бога, за да изврши помирување за гревовите на луѓето. 18Бидејќи, затоа што и Самиот трпеше кога беше искушуван, може да им помогне на оние кои се искушувани.

Селектирано:

ЕВРЕИТЕ 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност