Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 10

10
1Зашто Законот ја има само сенката на идните добра, а не и самата суштина на нештата, и не може секогаш со истите жртви, што се принесуваат секоја година постојано, да ги усоврши оние, кои му пристапуваат. 2Инаку би престанале да ги принесуваат, зашто не би биле свесни за гревови оние кои служејќи така, еднаш се очистени. 3Но тие секоја година напомнуваат на гревовите 4зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите. 5Затоа, влегувајќи во светот вели: „Жртви и приноси Ти не посака, но ми приготви тело. 6Сѐпалениците и жртвите за грев не Ти беа угодни.“ 7Тогаш реков: Еве, доаѓам, во книжен свиток за Мене е напишано, да ја исполнам Твојата волја, О Боже. 8Додека погоре вели: „Ни жртви, ни приноси, ни паленици, ни жртви за грев не посака; ниту Ти беа угодни“ - тие се принесуваат според Законот, 9потоа рече: „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.“ Така го отстранува првото, за да го воспостави второто. 10Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш. 11И секој свештеник, навистина, стои секој ден, и служи принесувајќи ги многупати истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите. 12Но Тој принесе само една жртва за гревовите, и засекогаш седна оддесно на Бога, 13и чека натаму додека Неговите непријатели бидат поставени за подножје на Неговите нозе. 14Зашто Тој со едно принесување ги направи совршени засекогаш оние, кои се осветуваа. 15А и Светиот Дух ни сведочи за тоа, откако рече: 16“Ова е заветот, кој ќе го склучам со нив по оние денови, вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот ум, 17и за нивните гревови и за нивните беззаконија нема веќе да си спомнувам.“ 18А каде има проштавање за нив, таму нема веќе приноси за грев.
Бодрење за трпение во верата
19И така, браќа, кога имаме смелост да влегуваме во Светината преку крвта на Исуса, 20Кој ни го отвори новиот и живиот пат низ завесата, односно Неговото тело, 21и откако Го имаме Врховниот Свештеник над Божјиот дом, 22да пристапуваме со искрено срце во полна увереност на верата, со срца кои преку попрскување се очистени од зла совест и со тело измиено во чиста вода. 23Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж, зашто е верен Оној, Кој ветил 24и да внимаваме на тоа да се поттикнуваме еден со друг кон љубов и добри дела! 25Да не ги напуштаме своите собранија, како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден друг, и тоа дотолку повеќе, доколку гледате дека наближува Денот!
26Зашто, ако грешиме самоволно откако го примивме полното познание на вистината, не останува веќе жртва за гревовите, 27туку само страшно очекување на судот и ревност на огнот, што ќе ги проголта противниците. 28Кога некој го презре Мојсеевиот закон умира без милост, во присуство на двајца или тројца сведоци. 29Колку полоша казна, мислите, ќе заслужи оној, кој Го подгазил Божјиот Син и ја смета нечиста крвта на заветот, со која бил осветен, и Го навредил Духот на благодатта? 30Зашто ние Го знаеме Оној Кој рече: „Одмаздата е Моја, Јас ќе вратам!“ И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.“ 31Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог.
32Спомнувајте си за поранешните денови, кога просветени претрпевте голема борба на страдања, 33со тоа што бевте од една страна изложени јавно на хулења и неволји, а од друга страна станавте соучесници на оние кои страдат така. 34Зашто страдавте заедно и со оние кои беа во окови и со радост го примивте разграбувањето на својот имот, знаејќи дека имате подобар и траен имот. 35И така, не отфрлајте ја вашата доверба, која има голема награда. 36Имено, вам ви е потребно трпение, за да ја исполните Божјата волја и да го добиете ветувањето. 37Зашто: уште малку, мошне малку, и Оној Кој доаѓа ќе дојде, и нема да се забави. 38А Мојот праведник ќе живее од верата, ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него.“ 39А ние не сме од оние кои се повлекуваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата.

Селектирано:

ЕВРЕИТЕ 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се