Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 15

15
Е. Неизбежност и неопходност на казна
1. Пример на лоза во оган
1И ми дојде Господово слово: 2“Човечки сине! Во што е стеблото на лозата подобро од другите горски дрва? 3Дали служи да се направи нешто од него? Дали се делка клин од него, за да се обеси нешто на него? 4Ете, се фрла во оган за да изгори: кога огнот ќе му ги изгори двата краја и средината му ја спалува, може ли уште да послужи за нешто? 5Ете, ни тогаш кога беше цело од него не можеше ништо да се направи. И така, за што може да послужи кога пламенот ќе го изгори? 6Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Како што стеблото на лозата меѓу другите дрва, го фрлив во огнот, за да изгори, така ќе постапам и со Ерусалимците! 7Ќе го насочам Своето лице против нив, и кога ќе се избават од еден оган, друг ќе ги проголта. И ќе сознаете дека Јас Сум Господ, кога Своето лице ќе го насочам против нив 8и ќе ја запустам сета земја, зашто Ми беа неверни!’ - говори Господ Бог.“

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се