Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 24

24
Израел прима Завет
1Потоа му рече на Мојсеја: „Искачете се кон Господа - ти, Арон, Надав и Авиуд и седумдесет израелски старешини. Поклонете се оддалеку! 2Само Мојсеј нека Му се доближи на Господа! Тие нека не се доближуваат, а народот нека не се искачува со нив.“ 3Мојсеј дојде и му ги кажа на народот сите Господови зборови и сите одредби. А сиот народ одговори едногласно: „Ќе ги вршиме, сите зборови што ги рече Господ.“ 4Тогаш Мојсеј ги запиша сите Господови зборови. А наутро порани и подигна жртвеник во подножјето на ридот и дванаесет столбови за дванаесетте Израелеви племиња. 5Потоа им наложи на младите Израелци да принесат жртви паленици и да му жртвуваат на Господа јунчиња како жртви помирници. 6Мојсеј ја собра крвта; половината крв ја тури во садови, а половината ја излеа врз жртвеникот. 7Потоа ја зеде Книгата на Заветот па му ја прочита гласно на народот, а народот одговори: „Ќе вршиме и ќе послушаме сѐ што рече Господ.“ 8Потоа Мојсеј ја зеде крвта и го попрска народот, говорејќи: „Ова е крвта на Заветот што Господ го воспоставува сега со вас на основа на сите овие зборови.“
9Тогаш Мојсеј се искачи со Арона, Надава и Авиуда и со седумдесетте Израелеви старешини. 10Тие го видоа Израелевиот Бог: подножјето на Неговите нозе како да беше од бесценетиот камен сафир, со болскот сличен на самото небо. 11Ни Своите раце не ги протегна врз Израелевите избраници: слободно Го набљудуваа Бога и јадеа и пиеја.
Мојсеј на Гората Синај
12Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Искачи се кај Мене на ридот и почекај Ме таму. Ќе ти дадам камени плочи со законот и со заповедите, што ги напишав за нивна поука.“ 13Мојсеј и неговиот помошник Исус станаа, и Мојсеј се искачи на Божјата Гора. 14А на старешините им рече: „Чекајте нѐ тука додека не се вратиме. Ете се со вас Арон и Ор. Кој има некаков спор, нека им се обрати ним.“ 15Потоа Мојсеј се искачи на гората, а тогаш облак ја покри гората. 16Господовата слава се настани на Синајската Гора, и облакот ја покриваше шест дена. На седмиот ден Господ го повика Мојсеја од пред облакот. 17Господовата слава на врвот на гората беше за очите на Израелците како оган што изгорува. Мојсеј навлезе во облакот и се искачи на планината. 18Четириесет денови и четириесет ноќи Мојсеј престојуваше на гората.

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност