Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 19

19
Завет и Закон
1Три месеци по излезот од Египетската Земја, на истиот ден, Израелците стигнаа во Синајската Пустина. 2Идејќи од Рафидин, дојдоа во Синајската Пустина и се влогорија во пустината. Израелците го поставнја логорот тука пред гората, 3а Мојсеј се искачи кон Господа. Господ го повика од планината и му рече: „Кажи му вака на Јакововиот дом, разгласи им на Израелевите деца: 4‘Вие видовте што им направив на Египетците; како ве носев на орелски крилја и ве доведов при Себе. 5Затоа, ако Ми се покорувате верно и го држите Мојот Завет, вие ќе Ми бидете посебна сопственост, покрај сите народи - па Мој е целиот свет! - 6вие ќе Ми бидете царство, свештеници, свет народ.’ Кажи им ги тие зборови на Израелците.“ 7Мојсеј се врати и ги свика народните старешини па им изложи сѐ што му нареди Господ. 8А целиот народ одговори едногласно: „Ќе правиме сѐ што нареди Господ.“ Тогаш Мојсеј Му го пренесе на Господа одговорот на народот. 9Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Еве, Јас ќе дојдам при тебе во густ облак, за да чуе народот кога ќе зборувам со тебе, и да ти верува засекогаш.“
10„Тргни кон народот - му рече Господ на Мојсеја - и посветувај го денес и утре. Нека ја испере својата облека; 11нека биде готов задутре, зашто задутре Господ ќе слезе на гората Синај, пред очите на целиот народ. 12Постави наоколу граници за народот и дај наредба: ‘Внимавајте да не се искачувате на ридот; да не се допрете ни до подножјето! Секој што ќе се допре до ридот, ќе го најде смрт. 13Ничија рака да не се допре до него, туку нека биде затрупан со камења или застрелан со стрела: било да е човек или животно, нека не остане во живот.’ Нека се искачуваат на ридот при отегнатиот звук на трубата.“ 14Мојсеј слезе од брдото кон народот и почна да го посветува народот. Тие ја испраа својата облека. 15„Бидете готови за задутре! - му рече Мојсеј на народот. Не приближувајте се до жена!“
Мојсеј пред Бога на Синај
16А на третиот ден, при разденување, зататни грмеж, засветкаа молњи, а густ облак се наднесе над ридот. Грмливо екна трубата, се стресе целиот народ што беше во логорот. 17Мојсеј го поведе народот од логорот во пресрет на Бога. Застанаа при подножјето на ридот. 18Планината Синај беше завиткана во дим, зашто Господ слезе на неа во оган. Се креваше дим како дим од печка. Целата планина се тресеше силно. 19Звукот на трубата стануваше сѐ посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше со глас. 20Господ слезе на Синајската Гора, на врвот, и Господ го повика Мојсеја на врвот на гората. Мојсеј се искачи. 21Сега Господ му рече на Мојсеја: „Слези и опомени го народот, за да не навалува кон Господа да го види. Мнозина би загинале. 22И самите свештеници, кои доаѓаат близу до Господа, треба да се очистат, за да не ги уништи Господ.“ 23Народот не може да се искачи на ридот Синај - Му одговори Мојсеј на Господа - зашто Ти Самиот нѐ опомена: ‘Постави граници околу ридот и прогласи го за свет.’“ 24„Слези и искачи се пак со Арона - му одговори Господ. Ама свештениците и народот нека не навалуваат да се искачат кон Господа, за да не загинат.“ 25Мојсеј слезе при народот и му кажа сѐ.

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 19: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност