Целата израелска заедница, по Господова заповед, тргна натаму од пустината Син. Се влогорија кај Рафидим. Таму немаше вода да пие народот. Затоа народот почна да се препира со Мојсеја. Викаа: „Дај ни вода да пиеме!“ А Мојсеј им одговори: „Зошто се препирате со мене? Зошто Го искушувате Господа?“ Ама народот ожедне за вода, па ропташе против Мојсеја и говореше: „Зошто нѐ изведе од Египет? Зар да не помориш со жед, нас, нашите деца и нашиот добиток?“
Прочитај ИЗЛЕЗ 17
Сподели
Спореди ги сите верзии: ИЗЛЕЗ 17:1-3
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа