Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕСТИРА 3

3
Д. Возвишување на Аман.
Мардохеева непоколебливост
1По тие настани, царот Ахасвер го унапреди Амана, синот Амедатин, Агагеец: го возвиши, и неговиот престол го постави над сите други достоинственици, кои беа со него. 2Сите цареви службеници, кои се наоѓаа при царевата врата, се поклонуваа и коленичеа пред Амана, зашто царот нареди така. Но Мардохеј не се поклонуваше ниту коленичеше. 3Царевите службеници кои се наоѓаа при царската врата, му рекоа на Мардохеј: „Зошто ја престапуваш царевата заповед?“ 4Иако тие му го повторуваа тоа секој ден, тој не ги послуша. Тогаш тие му го јавија тоа на Амана за да видат дали вреди Мардохеевото оправдување. Зашто им рече дека е Евреин. 5Кога Аман утврди дека Мардохеј ниту му се поклонува ниту коленичи пред него, се налути силно. 6А кога научи на кој народ му припаѓа, му се стори премалку да ги подигне рацете против самиот Мардохеј, туку науми да ги погуби со него и сите Евреи, кои живееја во сето Ахасверово царство.
Ѓ. Аманова завера против Јудејци
7Во првиот месец, односно во месецот нисан, во дванаесетата година на Ахасверовото царување, во присуство на Аман фрлија „фур“, односно жрепка, за да ги утврдат денот и месецот. Жрепката падна на тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно на месецот адар. 8И Аман му кажа на царот Ахасвер: „Во сите покраини на твоето царство има еден народ, распрснат сред другите народи и одвоен од нив. Неговите закони се инакви од законите на сите други народи. Тие не ги пазат царските одредби. Затоа царот не смее да ги остави на мир. 9Ако му е по волја на царот нека се распише за да бидат убиени тие; а јас ќе им избројам десет илјади србрени таланти во рацете на поверениците, за да ги внесат во царската ризница.“ 10Потоа царот го извади печатниот прстен од раката и му го предаде на Амана, синот Амедатин, Агагеец, непријател на Евреите, 11и му кажа: „Нека ти бидат сребрениците и народот, па направи со нив што ќе биде добро во твоите очи.“
12Во тринаесеттиот ден на првиот месец беа свикани царевите писари, па составија писма за она што наложи Аман и им ги упати на царските намесници, на управителите што стоеја на чело на поодделни покраини, на кнезовите на секој одделен народ, на секоја покраина со нејзиното писмо и на секој народ на неговиот јазик. Писмата се напишани во царево име и врз нив е удрен царевиот печат. 13По брзоодците им беа испратени на сите цареви покраини посланија за да бидат сите Евреи, од децата до старците, децата и жените, уништени, погубени, истребени, а нивните имоти да бидат запленети во еден единствен ден, и тоа во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, на месецот адар.
14Содржината на оваа наредба, што имаше да стане закон во секоја покраина, им беше објавена на сите народи, за да бидат подготвени за тој ден. 15Гласниците тргнаа брзо со царевата заповед. Указот беше објавен и во тврдината на Шуша, па додека царот и Аман седеа и се честеа, градот Шуша беше вознемирен.

Селектирано:

ЕСТИРА 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се