ПРОПОВЕДНИК 8
8
Г. Согласност во несовршен свет
1. Прифаќање на земно царство
1Кој е како мудрецот? Кој уште знае да ги толкува работите? Мудроста му го разведрува лицето на човекот и го менува неговиот суров лик. 2Затоа велам: слушај ја царската повелба заради Божјата заклетва. 3Не брзај да си заминеш од присуството негово, и не биди тврдоглав кога причината не е добра, зашто тој прави како што му одговара. 4Зашто во царскиот збор е силата, и кој смее да го праша: „Што правиш?“
5Кој ги пази заповедите, не познава лоши работи, и срцето на мудрецот знае за времето и за судот. 6Зашто постои време и суд за сите, а злото тешко го измачува човекот. 7Зашто тој не знае што ќе биде; а кој може да му каже кога што ќе биде? 8Никој не може да го совлада духот, за да го задржи духот, ниту има власт над смртниот ден, во тоа војување нема одлагање; ниту нечесноста го избавува оној што ја прави. 9Го видов сѐ ова и внимавав со моето срце на секое дело што се прави под сонцето, кога човек владее над човек за негова несреќа.
2. Суд над безбожници
10Натаму видов како ги носат безбожниците на гробишта, и луѓето доаѓаа и се враќаа од светото место, и беа заборавени во градот каде што правеа така. И тоа е суета. 11Кога нема брза пресуда за зло дело, човечкото срце е наклонето да прави зло. 12И грешникот што прави зло, и стопати живее долго, јас сепак знам дека ќе бидат среќни оние кои се бојат од Бога, зашто се бојат од Него. 13Не, нечесниот човек нема да биде среќен и нема да ги продолжува своите денови ни како сенка, зашто не се бои од Бога.
3. Неправедност
14Но на земјата е суета, па праведниците ги стигнува според делата на нечесните, а нечестивите - според делата на праведниците. Велам и тоа е суета. 15Затоа ја славам веселбата, зашто нема среќа за човекот под сонцето, туку во јадењето, во пиењето и во насладувањата. И тоа нека го придружува во неговиот труд за време на животот што Бог му го даде под сонцето.
4. Неистражливи Божји патишта
16Кога го насочив срцето за да ја познаам мудроста, се обидов да сфатам што се работи на земјата. Навистина, човекот не наоѓа спокојство ни дење ни ноќе. 17Го набљудувам целокупното Божјо дело: и навистина никој не може да го долови онаа што се збиднува под сонцето. Зашто колку и да се труди човек да го открие, никогаш не може да го открие. Па ни мудрецот не може да го открие тоа, иако мисли дека знае.
Селектирано:
ПРОПОВЕДНИК 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.