Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПРОПОВЕДНИК 7

7
Б. Совети на благоразумност
1. Избор на најубаво
1Подобро е доброто име отколку скапоценото масло, и смртниот ден отколку денот на раѓањето.
2Подобро е да се влезе во куќа каде е жалост, отколку во куќа каде е гозба, зашто онаму е крајот на секој човек, и кој е жив, нека го вложи ова во срцето. 3Подобар е јадот отколку смеата, зашто срцето е радосно зад жалосно лице.
4Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба. 5Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните. 6Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета. 7Угнетувањето ги прави мудрите - безумни, а поткупите го расипуваат срцето. 8Подобар е крајот на работата отколку нејзиниот почеток, и подобро е трпението од гордоста.
2. Предност на мудроста пред богатството
9Не брзај со гнев, зашто гневот почива во срцето на глупиот. 10Не прашувај зошто некогашните времиња биле подобри од овие, зашто тоа не е мудро прашање. 11Мудроста е како скапоцено наследство и полезна е за оние врз кои свети сонцето. 12Бидејќи како што се сребрениците заштита, така е и мудроста; но предноста на знаењето е дека мудроста дава живот на оној што ја има. 13Погледај ги Божјите дела; кој може да го исправи она што Тој го искривил?
14Уживај ја среќата во среќен ден а размислувај во лош ден: Бог го создаде едното како и другото, за да не открие човекот ништо од својата иднина.
3. Правила на умереност
15Сѐ видов во својот суетен живот; праведниот пропаѓа и покрај својата праведност, а безбожникот живее и натаму и покрај својата безбожност. 16Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш? 17Не биди прелош, и не биди безумен; зошто да умреш пред времето? 18Добро е да се придржуваш за едното, но ни другото не го испуштај од раката, зашто кој се бои од Бога, се избавува од сѐ.
4. Предност на мудроста пред нечесноста на глупоста
19Мудроста на мудрецот му дава поголема сила на градот, отколку десет градоначалници.
20На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.
21И уште едно: не обрнувај внимание на озборувањето; можеби ќе чуеш дека твојот слуга те колнел; 22а твоето срце знае како и ти често ги колнеше другите.
23Сѐ тоа го испитав со мудроста. Мислев дека сум мудар но мудроста ми беше несфатлива. 24Она што е, далеку е и длабоко, толку длабоко - кој може да го најде. 25И уште еднаш се обидов да ги истражам и да ги разберам мудроста и разумот, да ја сознаам нечесноста како и глупоста, а лудоста како безумие.
5. Нечесна жена
26Открив дека има нешто погорчливо од смртта - жената, чие срце е примка и мрежа, а рацете окови; кој Му е мил на Бога, ја избегнува, а грешникот ќе биде уловен од неа. 27Ете, тоа сѐ го открив во сѐ, вели Проповедникот. 28И уште барав. Но без успех. Најдов маж - еден меѓу илјада, а не најдов ниедна жена меѓу сите. 29Го открив, ова: Бог го создаде човекот едноставен, а тој смислува безбројни сплетки.

Селектирано:

ПРОПОВЕДНИК 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се