Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПРОПОВЕДНИК 11

11
В. Плодотворен живот
1. Милосрдни дела
1Фрли го својот леб во водата, и ќе го најдеш после многу време. 2Раздели им на седуммина или осуммина, зашто не знаеш какво зло ќе ја снајде земјата.
3Кога облаците ќе се наполнат со дожд, ја истуруваат на земја; ако падне дрво кон југ или кон север, сеедно: каде ќе падне таму и станува. 4Кој внимава на ветерот, не сее и кој гледа на облаците, не жнее. 5Како што не знаеш кој е патот на ветерот и како растат коските во утробата на трудна жена, така не ги знаеш ни делата на Бога, Кој создаде сѐ. 6Наутро сеј го своето семе а навечер твојата рака нека не почива, зашто не знаеш дали ќе биде подобро ова или она, или двете ќе бидат еднакво добри.
7Мила е светлината и пријатно е да се види со очите сонцето.
8Но ако човекот живее и многу години, нека се весели секогаш, и нека си спомни дека ќе има многу темни денови. Суета е сѐ што ќе дојде.
2. Детство и младост - суета
9Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сѐ тоа.
10Затоа, отстрани ја лутината од своето срце и отстрани го лукавството од своето тело. Но детството и младоста се суета.

Селектирано:

ПРОПОВЕДНИК 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се