Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПРОПОВЕДНИК 10

10
Б. Лажливост на сѐ на земја и гибел од глупост
1. Пропаст од глупост и помош од мудрост
1Пцовисаната мува го засмрдува мирисливото масло, а и малку лудост му ја расипува мудроста и честа на чесниот. 2Срцето на мудрецот е на десната страна, а на глупецот на левата. 3Достатно е лудиот да тргне на пат: бидејќи нема разум, секому му покажува дека е луд. 4Ако гневот на владетелот се подигне против тебе, не напуштај го своето место, зашто благоста ги спречува големите престапи.
5Има зло што го видов под сонцето како престап што доаѓа од владетелот: 6безумните се издигнуваат на највисоки места, а богатите заземаат ниски положаи. 7Видов слуги на коњи, а кнезови кои одеа пеш како слуги. 8Кој копа јама, паѓа во неа; кој разурнува ѕид, змија го каснува. 9Кој крши камења, тоа го повредува; кој цепи дрва, може да настрада.
10Кога ќе се затапи железото и неговата острица не е наострена, тогаш треба повеќе сила; а успехот е награда на мудроста. 11Ако змијата касне пред вражањето, тогаш вражачот ништо не користи.
2. Глупост на празно зборување
12Полни се со благодат зборовите од устата на мудрецот, а безумникот го упропастуваат неговите усни.
13Тој ги почнува своите беседи со лудост и ги завршува со целосно безумство.
14Лудакот зборува премногу: човекот не ја знае иднината, и кој може да му каже што ќе биде после него? 15Лудите ги мори нивниот труд; зашто тие не знаат да отидат ни во градот.
3. Цар и кнезови
16Тешко тебе земјо, кога ти е царот премлад и кога твоите кнезови се гостат веќе наутро. 17Блазе ти, земјо, кога ти е царот син на благородник и кога твоите кнезови јадат на време, за да се поткрепат, а не да се испијанат.
18Од мрзливост се свиткуваат гредите, заради негрижа прокапува куќата.
19Но гозбите се заради забава, и виното го развеселува животот, а сребрениците набавуваат сѐ.
20Не колни го царот ни во својата мисла, не колни го богатиот ни во својата соба, зашто птиците ќе го однесат гласот и сѐ што е крилесто, ќе ја каже клеветата.

Селектирано:

ПРОПОВЕДНИК 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност