Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ВТОРОЗАКОНИЕ 23

23
Различни заповеди
1„Нека не биде примен во Господовото собрание скопениот или кому му е пресечен половиот член. 2Ни вонбрачно родениот нека не биде примен во Господовото собрание; нека не бидат примани ни неговите во Господовото собрание ни до десеттото колено. 3Во Господовото собрание нека не влегува ни Амонец ни Моавец; никој од нивните, па ни во десеттото поколение, не смее никогаш да влегува во Господовото собрание. 4А сѐ заради тоа што не излегоа пред вас со леб и вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет; и затоа што за пари го најмија Веоровиот син, Валаам од Фегор во Арам Нахараим, за да те проколне. 5Ама Господ, твојот Бог, не сакаше да го послуша Валаама, туку Господ, твојот Бог, го претвори проклетството во благослов, зашто Господ, твојот Бог те љуби. 6Никогаш не ги подобрувај нивната благосостојба и нивниот имот во сите свои дни довека. 7Не го презирај Едомецот, зашто тој е твој брат. Не презирај го ни Египетецот, зашто беше придојденик во неговата земја. 8Нивните потомци можат да бидат примени во Господовото собрание во третото поколение.
9Кога ќе тргнеш со логорот против своите непријатели, чувај се од секакво зло.“
Здравствени правила за логорот
10„Ако некој меѓу твоите стана нечист заради ноќното излевање, нека излезе од логорот и нека не се враќа во него. 11А приквечер нека се искапе во вода, па по зајдисонце може пак во логорот. 12Имај место надвор од живеалиштето каде ќе одиш понадвор. 13Со својата спрема носи и лопатче; со него, кога ќе одиш понадвор, ќе ископаш дупка и после ќе ја покриеш својата нечистота. 14Та Господ, твојот Бог, оди низ средината на твојот логор за да те штити и за да ти ги предаде твоите непријатели. Затоа и твојот логор треба да биде свет. Нека Господ не забележи ништо нечисто во тебе, за да не се одврати од тебе.“
15„Не смееш да му го предадеш на господарот робот, кој пребегал при тебе. 16Нека престојува со тебе во твојата средина, во местото што ќе го избере во еден од твоите градови, каде ќе му се допадне. 17Нека нема светилишна блудница меѓу Израелевите ќерки и нека нема светилишен блудник (содомист) меѓу Израелевите синови! 18Не донесувај во Господовиот дом, ниту за каков завет, блудничина плата, ниту кучешки сребреници, зашто двете му се одвратни на Господа, твојот Бог.
19Не барај лихва од својот брат ниту лихва за сребреници, ниту лихва за храна, ниту лихва на што и да е, каде обично се бара. 20Од туѓинецот можеш да бараш лихви, ама не ги барај од својот брат, за да ти даде Господ, твојот Бог, благослов во секој потфат на твоите раце во земјата во која одиш да ја земеш во сопственост.
21Кога ќе му заветуваш некаков завет на Господа, на својот Бог, не двоуми се да го исполниш. Навистина, Господ, твојот Бог, ќе го бара од тебе; и ќе имаш грев. 22Ако не се заветуваш, нема да имаш грев. 23Но исполни го она што ќе помине преку твоите усни, завет што му го обрече слободно со своите усни на Господа, својот Бог.
24Ако влезеш во лозјето на својот сосед, слободно ти е да јадеш грозје колку што сакаш, но не смееш да ставаш во својот сад. 25Ако влезеш во житото на својот сосед, можеш да кинеш класје со раката, но не смееш да принесуваш срп до житото на својот ближен.“

Селектирано:

ВТОРОЗАКОНИЕ 23: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се