Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ВТОРОЗАКОНИЕ 10

10
Две камени плочи
1„Во тоа време Господ ми рече: ‘Изделкај две камени плочи како и поранешните па искачи се при Мене на планината; а направи и дрвен ковчег. 2На плочите ќе ги напишам зборовите кои беа на првите плочи што ги скрши. А потоа положи ги во ковчегот.’ 3Направив ковчег од багремово дрво, изделкав две камени плочи какви што беа првите, па, со двете плочи во рацете, се искачив на планината. 4И напиша Тој на тие плочи, како и порано, Десет заповеди, што Господ ви ги рече на планината, од среде огнот, на денот на собирот. Тогаш Господ ми ги даде мене. 5Се свртив и слегов од гората. Ги положив плочите во ковчегот што го направив. И останаа таму, како што Господ ми нареди.
6Од Вирот на Јакановите синови, Израелевите синови отидоа кон Мосер. Таму умре Арон и таму беше погребан. Место него свештеник стана неговиот син Елеазар. 7Оттаму отидоа во Гадгад; од Гадгад во Јотват, во крај богат со потоци. 8Во тоа време Господ го одвои Левиевото племе да го носи Ковчегот на Господовиот Завет; да стои пред Господа во Негова служба па да го благословува во Негово име, како што прави и денес. 9Затоа Леви нема дел ни наследство со своите браќа: Господ е негово наследство, како што Господ, твојот Бог, и му рече.
10На гората останав, како и првиот пат, четириесет денови и четириесет ноќи. И Господ ме послуша и тој пат; не сакаше да те уништи, 11туку Господ ми рече: ‘Стани! Оди пред овој народ, за да влезат и за да ја завладеат земјата за која им се заколнав на нивните татковци дека ќе им ја дадам.’“
12„И така, Израеле, што бара Господ, твојот Бог, од тебе? Само тоа да се боиш од Господа, својот Бог, да одиш по сите Негови патишта; да Го љубиш и да Му служиш на Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа; 13да ги пазиш Господовите заповеди и Неговите закони што ти ги давам денес за твое добро. 14Еве, на Господа, твојот Бог, Му припаѓаат небото, и небото над небесата, земјата, и сѐ што е на неа. 15Ама на Господа само вашите татковци му омилеа, и после нив ве избра вас, нивните потомци, меѓу сите народи, како што е и денес. 16Обрежете го своето срце; не го коравете веќе вратот! 17Зашто Господ, вашиот Бог, е Бог над боговите, Господар над господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не е пристрасен и не се поткупува; 18им дава правда на сиракот и на вдовицата; го љуби придојденикот, му дава храна и облека. 19Љубете го и вие придојденикот, зашто и самите бевте придојденци во Египетската Земја. 20Бој се од Господа, својот Бог; служи Му Нему; прилепи се до Него; заколнувај се во Неговото име. 21Тој е твоја слава, твојот Бог, Кој заради тебе направи големи и чудесни дела што ги видоа твоите очи. 22Твоите татковци, кога се спуштија во Египет, беа само седумдесет, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен па ве има како ѕвезди на небото.“

Селектирано:

ВТОРОЗАКОНИЕ 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се