Лого на YouVersion
Икона за пребарување

АМОС 4

4
1Чујте го ова слово васански крави, што престојувате во Самариската Гора, ги угнетувате немоќните, ги измачувате бедните, им зборувате на мажите: „Донеси да пиеме!“ 2Господ Бог се заколна во Својата светост: „Ете, ви доаѓаат денови кога ќе ве извлекуваат со куки, а последната од вас со јадици. 3Ќе излегувате низ проломи, не обѕрнувајќи се никаде, и ќе бидете фрлени кон Ермон,“ говори Господ.
В. Израелево упорство во нераскајување
4„Отидете само во Ветил и грешете, во Галгал и множете ги своите гревови! Принесувајте жртви секое утро, и десетини секој трет ден. 5Палете го тестото стасано за жртва благодарница, прогласете доброволни жртви, разгласете ги, зашто тоа го сакате, Израелеви синови,“ говори Господ Бог. 6„Затоа дадов да ви останат забите чисти во сите ваши градови, ве оставив без леб во сите ваши села; па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ. 7Ви го скратив и дождот на три месеци пред жетвата; го пуштив да паѓа на еден град, ама не и на друг; едно поле ќе се наквасеше, а другото - врз кое не пуштив дожд - ќе се исушеше. 8Така два три града скитаа во третиот за да пијат вода, но не можеа да се напијат, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ. 9Ве удрив со суша и со метлика, ви ги исушив градините и лозјата, скакулците ви ги изедоа смоквите и маслинките, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ. 10Испратив помор на вас, како египетскиот помор; вашите младинци ги погубив со меч, а коњите ви беа одведени како плен; ви ги наполнив носалките со смрдеа од вашиот логор, па сепак не се обративте кон Мене - говори Господ. 11Ве разурнав како што Бог ги разурна Содом и Гомор, бевте како гламна истргана од оган па сепак не се обративте кон Мене - говори Господ. 12Затоа, Израеле, вака ќе постапам со тебе, и бидејќи така ќе постапам со тебе, подготви се, Израеле, да го пресретнеш својот Бог! 13Зашто, ете, Тој ги создава планините го создава ветерот, му ја открива на човекот Својата мисла, Тој ги создава зората и мракот, и се искачува на врвот на земните височини, Господ, Бог над Војските, е Неговото име.

Селектирано:

АМОС 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се